Иванов му го врачи мандатот за составување влада на Заев
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пречките за доделување на мандатот за формирање на влада се отстранети, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска, пред да му го врачи мандатот за составување на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев се заблагодари и посочи дека се отстранети двете пречки за доделување на мандатот, односно претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати писмо до Иванов за формираното парламентарно мнозинство, а тој како мандатар испорачал изјава во форма на гаранција.

Лидерот на СДСМ ја прочита и изјавата во која се содржани гаранциите.

„Во име на формираното парламентарно мнозинство, најпрво гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, на независноста и мултиетничноста; заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на религиската, етничката и јазичката припадност; почитување на основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост; ниеден документ, акт или дејство што е спротивно на горенаведените заложби не можат да бидат услов или основа за формирање или дејствување на новата влада на Република Македонија“, истакна Заев.

Новиот мандатар, Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×