Иванов на самитот за бегалската криза: Европската безбедност не е заокружена без балканските држави
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Неопходна е целосна ингеграција на регионот во Европската унија, бидејќи ниту европската безбедност не е заокружена без балканските држави“, гласи заклучокот во говорот на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов пред лидерите на Европската унија – Ангела Меркел, Жан-Клод Јункер, Доналд Туск, и останатите присутни на мини Самитот на Европската унија плус Македонија, Србија и Албанија, посветен на бегалската криза. Иванов, пред овој заклучок, говорел за Балканот, како за регион за кој бегалците потсетиле дека е клучен коридор помеѓу Блискиот Исток и Европа.

„Ако Унијата навреме го интегрираше овој клучен коридор, денес Шенген-границите ќе беа заштитени, а одговорноста на државите ќе беше поделена. Наместо тоа, постои сериозна опасност балканскиот коридор да стане лавиринт во кој ќе се заглават и мигрантите и бегалците, но и земјите-кандидати за членство во Унијата. Сега и државите и мигрантите ги трпат последиците од овие пропусти“, посочил Иванов и побарал „итно интегрирање на Република Македонија и целиот Балкан во безбедносниот систем на Европската унија и НАТО“.

Во претстојнот период, како што рекол, Македонија ќе постапува во функција на заштита на својата национална безбедност, и „секое решение што вклучува прием на мигранти во балканските држави кои не се членки на ЕУ ќе биде неодржливо, бидејќи овие замји немаат капацитет да се справат со очекуваниот обем на мигранти”. Во таков случај, македонскиот претседател оценил дека постои голема веројатност за дестабилизација на државите.

За идејата за воспоставување бегалски кампови во Македонија, во Србија и во Албанија, Иванов пред европските лидери порачал дека „не постои можност за воспоставување на бегалски кампови во балканските земји кои не се членки на ЕУ”.
„На бегалците и мигрантите може да им се овозможи пристап до безбедните зони и центри за прием, со цел да им се даде безбедност, сигурност и хуманитарна помош“, рекол Иванов.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×