Иванов: Одлучив да не го потпишам указот за Законот за употреба на јазиците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, нема да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците. Тој во своето обраќање по поводот се повика на „изнесените укажувања на експертската и на пошироката јавност за противуставноста на овој закон“.

Иванов рече дека Собранието го изгласало Законот за употреба на јазиците без јавна расправа, без опозицијата и без вклученост на експертската јавност. Потенцираше дека Законот е донесен со европско знаменце, без да постои европска директива што ќе налага усогласување на македонското со законодавството на ЕУ.

Според претседателот на државата, со односното законско решение се воведува „многу скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност“. Иванов смета дека Законот за употреба на јазиците не е во духот на дијалогот и на соживотот, туку е „неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира само албанскиот јазик“.

Иванов испратил писмо до Собранието со детално образложение на неговата одлука. Тој ги повика пратениците сериозно да ги разгледаат забелешките и одговорно да постапат.

Владата, пак, изрази жалење за одлуката на претседателот да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците, зашто, наспроти тврдењето на Иванов, „сите одредби од законското решение се во согласност со амандманот 5 од Уставот“.

Од Владата реагираат дека Законот е донесен во рамки на нејзиниот концепт – општество еднакво за сите, и оти со него се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија. Сметаат дека опозицијата сама се лишила од можноста да учествува во усовршувањето на Законот, со нејзиниот бојкот на политичкиот процес за негово носење.

„Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој закон. Ова е гаранција дека законот не предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници“, стои во соопштението од Владата.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×