Иванов патува за Азербејџан, а по враќањето ќе оди и во Австралија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, шефот на државата ќе се обрати на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“.

За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.

Меѓу останатите теми на дискусија на овогодинешнот форум се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справување со модерниот тероризам, дали екстремизмот и популизмот се најголема закана за безбедноста, иднината на трансатлантските односи, Алијанса меѓу Западот и муслиманските држави, се наведува во соопштението/

Иванов, чиј последен став е дека и објавувањето на програмата на новата влада пречките за доделување на мандатот не се отстранети, по враќањето од Азербејџан ќе патува и во Австралија, каде треба да престојува од 24 март до 4 април. Дел од толкувањата се дека неговото отсуство треба да ја олесни неговата ситуација поради недоделувањето на мандатот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×