Иванов по Советот за безбедност: Нема да дозволиме ескалирање на тензиите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најостра осуда за терористичкиот напад во Куманово изведен од страна на групи чија цел беше дестабилизација на Македонија, како и подготвеност на државата да не дозволи ескалација на тензиите, изразена е на вечерашната седница на Советот за безбедност, соопшти претседателот Ѓорге Иванов.

„На Република Македонија овие два дена ѝ се случи она на што предупредував уште пред неколку месеци во моето обраќање на Советот за безбедност во Обединетите нации. Сторителите и сите инволвирани во овој терористички чин скапо ќе платат за тоа што се обидоа да ѝ го сторат на Република Македонија и на нејзините граѓани. Сакам јасно да ставам на знаење, нема да дозволиме ескалирање на тензиите. Правиме сѐ што е потребно за да не дојде до дестабилизација на државата, и до нарушување на меѓуетничките односи“, истакна Иванов.

Тој изрази сочуство за загубените животи на припадниците на безбедносните сили, и изрази жалење што морало да се случи еден ваков трагичен настан за лидерите на политичките партии да седнат на иста маса. Од нив побара итно да го обноват политичкиот дијалог, и да се однесуваат одговорно, во функција на „надминување на сите слабости што во континуитет ги нотира Европската комисија“. Тој побара и од Евопската унија и од НАТО, „со најголема сериозност да се ангажираат и да ги деблокираат евроатланските интеграции на Македонија, за доброто на Република Македонија и на целиот регион“.

На седницата на Советот за безбедност во проширен состав, свикана од претседателот Иванов, присуствуваа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на Советот за безбедност, Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

На седницата присуствуваа и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Талат Џафери од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Груевски: Барем една од намерите беше дестабилизација на Македонија cngpk

Пред седницата на Советот за безбедност прес-конференција одржа премиерот Никола Груевски, изјавувајќи дека „македонската полиција изведе високо професионално патриотска и херојска акција со која успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија со цел нејзина дестабилизација“.

„Терористичка група од над 40 добро вооружени лица, илегално влезена во Македонија, сместена во една кумановска населба, беше со намера да извршува крупни терористички напади врз државни и цивилни објекти, врз полициски станици, шопинг молови, спортски натпревари и слично. Вчера и утрово во речиси непрекината 28 часовна борба според кажувањата на стручните лица во МВР со подолг стаж, команданти на единиците и лица кои биле активни и за време на борбените дејствија во 2001 година, македонската полиција ја имаше досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција“, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека во случајот не се работи за македонско-албански судир, туку за судир меѓу лица кои не ѝ сакаат добро на државата, од една страна, и нејзините граѓани, лицата кои ја чуваат државата, Уставот и уставниот поредок и безбедноста, од друга.

Според првичните сознанија што ги добил Груевски, значаен дел од терористичката група се лицата кои неодамна го извршија терористичкиот напад на полицискиот објект кај Гошинце, а дел од нив биле учесници во неколку конфликти досега, делумно во овој регион, а делумно на Блискиот Исток, и се сметале за најопасна терористичка група на Балканот.

„Нивната цел и мотив ќе бидат предмет на натамошна истрага, а во тоа веруваме дека од голема помош ќе биде и големиот број предадени и уапсени лица. Едно е сигурно – дека барем една од намерите беше дестабилизација на Македонија“, рече Груевски.

САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО: Вооружените групи во Куманово се изолиран феномен osce

„Сите длабоко жалиме за загубата на животи во операцијата во Куманово која изгледа е завршена.
Нашите мисли се со семејствата на полицајците кои беа убиени во операцијата и со граѓаните кои се најдоа среде насилствата.
Легитимните политички претставници овде и во регионот го отфрлија насилството. Вооружените групи во Куманово се изолиран феномен.
Силно веруваме дека не смее да се нарушат односите во општеството.
Исто така се надеваме дека ова е моментот лидерите да се обединат и да почнат дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја продолжената политичка криза и неопходните реформи“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×