Иванов: Пречките за определување мандат сѐ уште не се отстранети
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Пречките за определување мандат сѐ уште не се отстранети“, велат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по повиците од СДСМ тој веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев, како на кандидат на новото парламентарно мнозинство.

„Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада сѐ уште не се отстранети“, се вели во ставот од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во обраќањето на 1 март, претседателот Иванов од Заев побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според шефот на државата, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

„Сè додека сум претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек, ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив“, изјави претседателот Иванов на 1 март.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×