Ивица Јакимовски и Роберт Јакимовски: Со “Голден Арт” купувачите добиваат најмногу за платената цена
Објавено на од во Интервју
Golden art 943 WEBКомпанијата “Голден Арт” постои веќе 12 години на македонскиот пазар и препознатлива е по изградба на станбен и деловен простор по систем клуч на рака. Двајцата челни луѓе на компанијата во интервјуто за Капитал велат дека успеале да се одвојат од конкуренцијата на пазарот со својата понуда, вградување на докажано квалитетни градежни материјали од реномирани европски и светски производители. Покрај во Македонија, “Голден Арт” со својот квалитет во градењето успеа да се пробие и во Италија и Австрија.

 


Ivica Golden art 943 WEB 02Ивица Јакимовски
генерален директор на
“Голден Арт”

Со самото основање на “Голден Арт” поставивме цел пред себе, да изградиме градежен бренд кој ќе биде препознатлив по квалитет на станбен и деловен простор. Постојан мотив по кој работевме е превземените обврски да се испочитуваат во целост, по што и денес е препознатлива “Голден Арт.

Robert Golden art 943 WEB 01

 

Роберт Јакимовски
технички директор на
“Голден Арт”

Голден Арт” е препознатлив по изградба на станбен и деловен простор по систем клуч на рака. Како таргет група на купувачи, секогаш биле купувачите кои го препознаваат квалитетот и кои знаат што добиваат.

Постоите веќе 12 години на македонскиот пазар, а успеавте да изградите своевиден бренд во градежништвото. Какви беа почетоците на фирмата и што беше најзначајно за да се стигне до оваа фаза?

Ивица Јакимовски: “Голден Арт” како градежна компанија е основана 2005 година со дејност градежништво, со цел продолжување на фамилијарната традиција градежници која се протега повеќе од 100 години. Со самото основање на “Голден Арт” поставивме цел пред себе, да изградиме градежен бренд кој ќе биде препознатлив по квалитет на станбен и деловен простор. На самите почетоци се потпревме на искуствата на нашиот татко, кој е дел и денес од успесите на “Голден Арт”. Постојан мотив по кој работевме е превземените обврски да се испочитуваат во целост, по што и денес е препознатлива “Голден Арт”.

Што конкретно работи  денес ”Голден Арт”? Кој е вашиот таргет на купувачи?

Роберт Јакимовски: “Голден Арт” е препоз-натлив по изградба на станбен и деловен простор по систем клуч на рака.  Успеавме да се одвоиме со својата понуда, вградување на докажано квалитетни градежни материјали од реномирани европски и светски производители.

Како таргет група на купувачи, секогаш биле купувачите кои го препознаваат квалитетот и кои знаат што добиваат.

Што е тоа што Ве разликува од конкурентите на пазарот? Што поразлично и подобро можат да очекуваат клиентите на ГолденАрт?

Ивица Јакимовски: Како градежна компанија во споредба со конкуренцијата не издвојува „Голден Арт системот на градење“, сет и комбинација на елементи кои како компанија не прават единствени на пазарот со гаранција за квалитетот.

Како купувачи на станови во “Голден Арт” добивате професионален пристап, енергетски ефикасни станови во А класа, максимално искористен простор во сите типови на станови, градежни материјали од реномирани европски производители како што се Rehau, Baumit, Knauf, Kema, Nexe, TKK и други. Со еден збор добиваат дом, не само стан.

На кои пазари сте присутни? Имате планови за изградба на станови и надвор од Македонија?

Роберт Јакимовски: Нашата компанија со брендот “Голден Арт” покрај на домашниов пазар, инвестира и во Италија и Австрија во истата дејност, градежништво и изградба на станови. Водејќи се од фактот дека квалитетен стан е стандард кој секаде се применува, искуствата во соработката со европските производители на градежни материјали дополнително ни дадоа мотив да можеме системот на градење да го примениме во Италија и Австрија.

Материјалите кои ги користиме во Македонија се тие кои се користат и се докажани и во Европа, што е дополнително олеснување во регулативите за градење каде временскиот период на постапките е точно прецизиран и може полесно да планираш во делот на инвестирање. Продолжуваме да работиме верни на нашето мото “Дом. Не само стан“.

Градежништвото во изминатиот период беше сектор кој имаше најголем придонес за растот на економијата, но во последниот период бележи пад. Каква е состојбата во градежништвото во Македонија?

Ивица Јакимовски: Градежништвото е двигател на економијата, не само во Македонија, туку е двигател во секоја голема економија, поради тоа што директно со градежништвото се врзани уште повеќе од 30 индустрии кои се придвижуваат со инвестирање во него. Со градењето создаваме вредност која е дел од секојдневното живеење, градиме домови кои се дел од нас.

Потребно е да се продолжи во инвестирање во капитални објекти кои се потребни за дополнителен раст на економијата во Македонија. За дополнително зајакнување на економијата потребно е континуирано зголемување на вредноста на квалитетните станови и деловни простори, како што е праксата во Европската Унија и во најблиското опкружување. Зголемена вредност на крајниот производ повлекува зголемување на вредноста на услугите кои се дел од градењето, а со тоа и подигнување на стандардот на живеење. Состојбата во градежништвото е на ниво каде постојат услови за дополнително стабилизирање, потребен е континуитет на градење со прецизно дефинирани понуда и побарувачка, поставување на максимален акцент на квалитетни енергетски ефикасни станови, кои ќе гарантираат намалена потрошувачка на ладење и греење.

Градите во повеќе општини низ градот. Каква е соработката што ја има Голден Арт со општините и кои се проблемите кои треба да се надминат за оваа соработка да биде уште подобра и во корист на сите?

Роберт Јакимовски: Ние како градежна компанија градиме во рамките на град Скопје, поточно градското подрачје Опш-тина Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, каде како услов е атрактивноста на локацијата, каде што е потребно да се исполнат условите за квалитетно живеење, инфраструктурна поврзаност, градинки, училишта, маркети, ориентација и слично. Соработката со општините, вклучувајќи го и град Скопје, е согласно законската регулатива. Доколку се појават проблеми во одредена постапка ги решаваме во заеднички интерес, во секоја соработка потребно е секогаш да се поставуваат работите на повисоко ниво со цел побрзо и поквалитетно извршување на истите.

Каков е квалитетот на градбите кој се нуди во Македонија во споредба со продажната цена, но и во споредба на градбите на пример во европските земји?

Ивица Јакимовски: Што се одне-сува до квалитетот на градбите во Македонија не би можел да ги оценам, потребно е тоа да го направат стручната јавност и директно купувачите, јас би можел да го оценам градењето кое што го нуди “Голден Арт”, затоа што тоа најдобро го познавам, а тоа е дека купувачите секогаш добиваат најмногу за платената цена, добиваат „Голден Арт систем“ кој гарантира квалитет. Споредбено, нашите градби во Македонија со земјите во Европската унија се истите во делот на енергетската ефикасност, во делот на класите кои ги одредува законот, меѓутоа потребно е дополнително да се издигнеме на повисоко ниво во делот на инвестирање на пасивни објекти и нулта објекти, што е пракса во ЕУ, каде што се градат објекти кои произведуваат енергија за потреби-те на објектот, со тоа потрошувачката на енергија ја сведуваме на минимум и
имаме енергетски независни објекти, со што како крајни корисници, на купувачите им овозможуваме најниски трошоци.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×