Ивица Тодориќ најави дека се подготвува да ја освои власта во Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ivica-todoricИвица Тодориќ, поранешниот сопственик на хрватскиот гигант Тодориќ, кој од Лондон беше екстрадиран во Хрватска за да му судат домашните судови, по една недела поминати во притвор со кауција од 1 милион евра излезе да се брани на слобода! Откако отиде да се шиша кај својот долгогодишен фризер, на новинарите им кажа дека влегува во политиката, дека ќе ја освои власта и ќе ја издигне хрватската држава и економија.

.
Хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ, поранешен сопственик на гигантот Агрокор, откако беше екстрадиран од Лондон и спроведен во притвор во истражниот затвор Реметинац, по само неколку дена вчера е пуштен на слобода со кауција.
Првото утро по напуштањето на Реметинац Ивица Тодориќ отиде кај својот долгогодишен фризер.

“За кауцијата ми помогнаа многу луѓе, сами ми се јавуваа да ми понудат помош. Не е фер сега да зборувам , се ќе се знае. Ќе ја освојам власта и ќе ја издигнам Хрватска на вистински начин. Одам на избори”,вели Тодориќ за хрватските медиуми.
“Кај нас во Хрватска има многу да се работи. Видете каде се наоѓаме. Не да сме дното, туку го пробивме дното и одиме уште подолу”, вели Тодориќ.

Одбраната на Тодориќ плати кауција од 7,5 милиони куни или околу еден милион евра на сметка на Судот.

Тодориќ, на кој му се суди за службена злоупотреба околу стечајот на Агрокор, мора да даде ветување дека нема да бега од Хрватска, а освен уплатената кауција му е одземен пасошот и има забрана од Судот да го напушта Загреб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×