Изборите на Хрватите им поделија исти карти како претходните по кои побараа „мунти“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Деветтите парламентарни избори во Хрватска, во случајов вонредни, не донесоа ништо ново на тамошната политичка сцена во односот на силите – ХДЗ со партнерите одново е победник, а клучот на идната влада пак ќе се бара во соработка со Мост на Божо Петров. Последниот се нема изјаснето ниту во прилог на ХДЗ, ниту за СДП. Сепак, се очекува дека новата влада ќе се формира побрзо отколку онаа на заминување, а оти премиер ќе биде лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Но, аналитичарите на идната влада ѝ даваат краток рок на траење. Од лидерот на СДП, Зоран Милановиќ, хрватските медиуми очекуваа дека по првичните резултати – уште еднаш е поразена неговата партија – ќе поднесе оставка, но тоа не се случи. Тој порача дека треба да се почека пребројувањето на гласовите, и оти до утрово нема да се знае ништо.

Според прелиминарните резултати на хрватската Државна изборна комисија, ХДЗ води со освоени 61 мандат, СДП е втор со 54 места, Мост трет со 12, а моралниот победник на предвремените избори, коалицијата Жив ѕид, освои 8 мандати од 151 вкупно во хрватскиот Сабор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×