Изборите од кои зависи иднината на Европската унија !?
Објавено на од во Профил

french-electionМакрон или Ле Пен или Фијон или Меланшон на чело на Франција

Дипломатите не кријат дека во европските кругови во Брисел со недели се стравува од претседателските избори во Франција. Иако првичните стравувања дека овие избори ќе се надоврзат на Брегзит и Трамп ги ублажи поразот на екстремната десница во Холандија, никој не се осмелува целосно да ја отфрли можноста во Франција да победи Ле Пен. А поради бројните афери за некои од кандидатите досега немаше подлабоки анализи на нивната понуда – гласачите дури деновиве почнаа да се занимаваат со содржината, сметаат аналитичарите

 

В недела, на 23 април, Французите гласаат на претседателски избори. Кандидатот на центарот, Емануел Макрон, води на анкетите со 24% (во моментов на затворање на овој текст), пред крајната десничарка Марин Ле Пен со 23%. Третото место со по 19% според истражувањата на мислењето на француската јавност, го делат десноцентристот Франсоа Фијон и крајниот левичар Жан-Лук Меланшон.

Политиките што ги предлагаат кандидатите се разгледуваат во ситуација кога Франција со невработеност од 10% е сѐ уште над просекот во еврозоната. Истовремено владата објави дека очекува економијата да порасне за 1,5% во тек на оваа и на следната година, пред растот постепено да стигне до 1,7% во 2020 година. Земјата е на пат во 2017 година да го постигне првиот буџетски дефицит во декадата што ќе биде во рамките на правилата на Европската унија. Власта прогнозира дефицит од 2,8% од БДП годинава, што е малку над претходните очекувања за 2,7%, но ќе биде прв од 2007 година наваму под наложениот праг од ЕУ од 3%. Ројтерс направи преглед на политиките што ги предлагаат четирите водечки кандидати.


emanuel macrosЕмануел Макрон

Целите на Макрон вклучуваат одржување на:

  • Буџетскиот дефицит под границата од 3% од БДП поставена од ЕУ;
  • Намалување на невработеноста до 7% до крајот на неговиот мандат;
  • Инвестициски план од 50 милијарди евра и заштеда на државните расходи што би достигнала 60 милијарди годишно до крајот на мандатот;
  • Корпоративниот данок да биде намален од 33% на 25%;
  • 35-часовната работна недела да остане, но преговорите за реалните работни часови да бидат оставени на ниво на компании.

Инвестицискиот план на Макрон вклучува уште 15 милијарди евра за обука и за преквалификација на кадри со цел да си најдат работа. Тој, исто така предлага државата да вложи 15 милијарди евра за енергетски и еколошки цели, со цел свртување кон алтернативни обновливи извори. Во транспортот и локалната инфраструктура овој кандидат планира да насочи 5 милијарди евра, при што фокусот би бил на реновирањето на старите железнички линии наместо на изградбата на нови. Јавната администрација Макрон најавува дека ќе ја модернизира и компјутеризира со 5 милијарди евра.


Marine_Le_PenМарин Ле Пен

Лидерката на Националниот фронт предлага:

  • Излегување на Франција до еврозоната и спроведување на гласање за членството на државата во ЕУ;
  • Итно почнување на шестмесечни преговори со европските партнери за радикална промена на членството на државата во Унијата и за претворање на ЕУ во „слободен сојуз на држави без евро, без територии, во кој нема граници и заеднички буџетски правила“. На крајот на преговорите Ле Пен планира референдум за членството на Франција во Унијата, при што кандидатката ќе порача да се гласа за напуштање, ако ЕУ не успее доволно да се промени однатре;
  • Протерување на сите странци кои се следени од разузнавачките служби;
  • Одземање на француското државјанство на луѓе со двојно државјанство осудени за врски со џихадизмот;
  • Нелегалните имигранти да не можат да го легализираат престојот во Франција.

Освен ова Ле Пен планира тендерите за јавни набавки да можат да ги добиваат само француски компании, тогаш кога разликата во цената не е премногу голема. Лидерката на Националниот фронт е со намера да воведе „интелигентен протекционизам“ од 3% царина на увозот, и да ги отфрли меѓународните трговски договори.


fillonФрансоа Фијон

Економската стратегија на Фијон вклучува намалување на расходите на државата, разлабавување на рестрикциите за траењето на работната недела, и подигање на возраста за одење во пензија.

  • Укинување на 35-часовната работна недела и враќање на 39-часовната во државниот и приватниот сектор;
  • Скратување на работните места во државниот сектор за 500 илјади;
  • Подигање на возраста на која се оди во пензија на 65 години (во моментов истата е 62 години);
  • Кратење на државните расходи за 100 милијарди евра за 5 години;
  • Намалување на даноците и на давачките поврзани до големината на имотот/богатството за 50 милијарди евра уште од последното тримесечје на 2017 година.

Десноцентристот планира намалување на данокот на корпоративна добивка до 25% од актуелните 33,3%. На надворешно политички план Фијон повикува на потопли врски со Русија.


jean-luc-melenchon-depute-europeen-22-02-2015-credit-ibo-sipaЖан-Лук Меланшон

Главните политики што ги предлага овој кандидат се:

  • Економски стимулации од 100 милијарди евра финансирани од заеми на владата;
  • Национализација во некои сектори и девалвација на еврото;
  • Излегување на државата од НАТО, и можно напуштање и на Европската унија. Тој, исто така сака промена на Уставот за да се стави крај на она што го нарекува „претседателска монархија“;
  • Меланшон ветува зголемување на државните расходи за 275 милијарди евра за 5 години, од кои 173 милијарди ќе отидат за покачување на платите и за создавање работни места, при што целта е невработеноста да се намали до 6% од актуелните 10%;
  • Околу 45 милијарди евра од дополнителните државни расходи ќе бидат трошени за социјални проекти како изградба на домови. Други 50 милијарди ќе обезбедат еколошки проекти како развој на алтернативни извори на енергија;
  • Екипата на овој кандидат предвидува дополнителни приходи во државата од 180-190 милијарди евра поради повисокиот економски раст, намалувањето на невработеноста и даночната реформа, што ќе се одрази значајно врз приходите и активите на најбогатите.

Даноците врз малите и средните компании ќе бидат намалени, а данокот на корпоративна добивка ќе биде намален до 25% од актуелните 33%.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×