Изборите се излез од заложништвото
Објавено на од во АНАЛИЗА

Parlamentarni izbori  - glasanje 2На гласање веднаш штом се создадат услови

Голема иронија лежи во фактот што се распишаа предвремени парламентарни избори од наводен страв дека земјава ќе западне во политичка криза, оти не успеала во своите евроатлантски интеграции – еден од клучните, ако не и најважен столб на владината политика. Шест месеци подоцна, Македонија е полноправна членка на НАТО, со зелено светло за преговори и преговарачка рамка што се чека за некоја недела. Кризата навистина е тука, ама токму поради фактот што воопшто се распишаа избори, се избра техничка Влада којашто имаше една задача – да организира и да спроведе гласање, а и’ се дозволи да остане да ја води земјата среде огромна здравствена и општествена криза.

 

Голема иронија лежи во фактот што се распишаа предвремени парламентарни избори од наводен страв дека земјава ќе западне во политичка криза, оти не успеала во своите евроатлантски интеграции – еден од клучните, ако не и најважен столб на владината политика.
Шест месеци подоцна, Македонија е полноправна членка на НАТО, со зелено светло за преговори и преговарачка рамка што се чека за некоја недела.
Кризата навистина е тука, ама токму поради фактот што воопшто се распишаа избори, се избра техничка Влада којашто имаше една задача – да организира и да спроведе гласање, а и’ се дозволи да остане да ја води земјата среде огромна здравствена и општествена криза.
Ова елементарно ниско ниво на самодоверба кај власта и нагонот да се задоволат или пресретнат неразумните барања за предвремени избори на опозицијата за да не се покаже дека се бега од народот – сега и’ се удира од глава на целата држава.
Опозицијата, којашто особено низ кризата, се покажа дека е се’ освен конструктивна, ја искористи можноста да навлезе низ институциите, ама не за да организира избори, туку за да наметне и одржува една неразумна битка со власта во услови кога е потребна сериозна организираност, заедништво и координиран и јазик и одговор.
Кадрите на опозицијата и оние на власта (иако во техничка власт веќе се губат тие поими) се како рогови во вреќа – се бојкотираат реформи, се троши енергија на партиски препукувања, се работи зад грб, па дури и се блокираат цели процеси (скандалозен е примерот со заменичката министерка за финансии која инаетливо не става потпис на поволен заем од Светската банка за помош околу кризата).
Значи, институциите се поделени и раскарани, а Парламент нема, оти спикерот Талат Џафери е убеден дека неговото толкување на Уставот е единствено точно и смета оти нема начин како повторно би ги собрал пратениците (кои патем не престанаа да земаат плата!) за да би се вратила старата политичка влада во полн капацитет.
Државата останува заглавена – ни ваму  – ни таму и се разбира дека решението е многу просто, да се оди на гласање и граѓаните да си изберат нов Парламент и нова Влада со полн легитимитет.
На чија капа слетала мувата?
Но, не залудно се рекло – наједноставното е секогаш најтешко.
Одржување на изборите е сериозен предизвик во услови кога во Македонија дневно се’ уште има по десетици нови заболени од коронавирусот, бројки со коишто смирувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека пандемијата е под контрола изгледаат прилично боси. Епидемиолозите се поделени, а граѓаните збунети.
Кога се најавени разлабавувања на рестриктивните мерки и отворање на шопинг молови и обложувалници, а наскоро и на угостителски објекти, нејасно е како граѓанското право да си купи облека е над она да гласа и да избере легитимна власт!?
Но, со здравјето не смее да има никакви калкулации и оттука не само ризик, туку и крајно непромислен потег би била организација на избори додека има сериозни наоди дека пандемијата не е стивната и дека има опасности за јавното здравје.
Токму на оваа карта игра ВМРО – ДПМНЕ чии што водачи велат дека не смее да се гласа оти здравјето е во опасност, а го обвинуваат лидерот на СДСМ Зоран Заев, оти е „политички некрофил“ кому не му е гајле колкумина мртви ќе има за да повторно ја освои власта.
Простата логика гледа две сериозни „дупки“ во оваа загриженост на опозицијата – доколку навистина сметаат дека пандемијата е во полн ек, тогаш зошто се противат на сите рестриктивни мерки и забрани за движење? И второ – зошто Заев би сакал брзи избори за да ја освои власта кога тие тврдат оти ќе го сторат истото во секое време? Со овие дилеми грижата околу јавното здравје на граѓаните добива строго партиска боја.
СДСМ, од друга страна, се чини дека се подизгуби во борбата да се создаде перцепција оти нештата се смируваат. Многумина сметаат дека прераното разлабавување на мерките резултира со нови болни, но од таму велат дека контролата на теренот е препуштена на полицијата, којашто пак е во рацете токму на ВМРО – ДПМНЕ која таму има свој министер.
Политички препукувања како модус операнди
И во овие линии некаде се движат и партиските препукувања што ја одбележаа неделата, коишто отидоа дури дотаму да лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача:
„Ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори”, изјави тој.
Следуваше новинарско прашање: „Нема да учествувате на тие избори?”, а Мицкоски само повтори: „Со среќа нека им е, тоа можам да им посакам”, веројатно свесен дека отсечно „да“ би имало малку посериозни импликации од голата закана.
Ден потоа се јави и генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.
„Заев е исклучително нервозен и изолиран, единствен политичар што не води сметка за човечките животи. Зоран Заев посакува да го однесе народот на гилотина со брзи избори среде пандемија! Обземен од страв од неминовниот изборен пораз, сака да ги жртвува животите на граѓаните само во обид за спас на својата кожа“, истакна Јанушев.
Како што рече тој, нервозата кај Заев е очигледна бидејќи тој знае дека губи и посакува среде најголемата жестина на смртоносната епидемија да организира криминогени избори со мал одѕив.
„Дури и неговите сопартијци знаат дека кризата не е намалена и дека со тоа би се довеле во опасност граѓаните. Само Заев посакува избори и по цена на броење човечки жртви“, рече Јанушев дополнувајќи дека ниту еден од условите за одржување кредибилни избори не е исполнет.
„54 изборни процеси во светот, од кои 21 во Европа, се одложени, само Заев сака избори сега. Тоа повеќе не е ниту хибриден режим, тоа е болен авторитаризам“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека избори во јуни нема да има и дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи првенствено за здравјето на граѓаните.
Јанушев предлага изборите да се случат кога ќе се намали, односно ќе се нормализира здравствената криза и кога ќе се извршат вистински тестирања, кои нема да покажуваат толку голем број на новозаразени.
20-23-4Што велат Уставот и законите?
Заев, од друга страна, не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите, затоа што партијата учествува во процесот и има кандидатски листи, но е категоричен дека изборите мора да се одржат на 21 јуни, или евентуално една седмица подоцна на 28 јуни, ако на 30 мај заврши вонредната состојба.
„Ако не се договориме со опозицијата, ако не постигнеме консензус, тогаш одиме на избори според Уставот и законите на 21 јуни, со 14 кандидатски листи и верувам дека излезноста на граѓаните ќе биде максимална. Ако не се договориме, не е прашањето што сака СДСМ и коалицијата или што сакаат нашите партнери во Владата како ДУИ или Алтернатива, туку прашањето е што велат Уставот и законите. А велат дека, ако вонредната состојба заврши на 30 мај, тогаш изборните дејства продолжуваат веднаш и од денот на прекинот на вонредната до изборите има вкупно 22 дена. Ако некој сака да ги одложи изборите, нека покаже како се прави тоа според Уставот и законите. Ние нема да дозволиме незаконско одложување на изборите, или што било незаконско во врска со процесот, затоа што кој било граѓанин со само една претставка пред Уставниот суд ќе ги урниса изборните резултати. Имаме можност да разговараме уште неколку денови и потоа од 31 мај законските рокови ќе стапат на сила“ – рече лидерот на СДСМ..
Заев вели дека ги разгледале документите од Комисијата за заштита од заразни болести, од Државната изборна комисија и од ОБСЕ/ОДИХР.
„Светската здравствена организација кажува дека во текот на летото државите треба да се подготват за нов бран на коронавирусот наесен, треба да ги прошират болниците, да набават нови легла, респиратори итн. Дај боже да нема втор бран од септември, но ако го има, што правиме тогаш? Сите дадоа поддршка, освен ВМРО-ДПМНЕ која инсистира да се гласа наесен, што за нас е неприфатливо. Сакаме да имаме договор, но ако нема договор, остануваат Уставот и законите на државата“ категоричен е Заев.
Тој не би сакал да оди на избори без најголемата опозициска партија и смета дека не може да има бојкот на избори затоа што досега сите партии учествува во предизборните процеси, односно изразија волја, поднесоа листи, кандидатите пополнија нотарски изјави, а ДИК ги прифати листите и го заврши ждребувањето за редоследот на гласачкото ливче.
– Изборите се јасно дефинирани и процесот е замрзнат на 22 дена пред крајот. Не сакаме никој да бојкотира ниту кампања, сакаме сите да учествуваат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара лидерска средба, претседателот Пендаровски ја закажа, тој побара уште една недела, а тоа е купување време и дојде на средбата без аргументи. Нека ги ценат граѓаните аргументите. Може да има бојкот на претстојната кампања, но такво нешто воопшто не е посакувано – рече Заев.
Инаку, поддршка за 21 јуни како датум дадоа ДУИ, ДПА и Беса, а Алијансата за Албанците и Алтернатива го предложија 26 јули.

Ke-t-Brns-akreditivi-11Кејт Брнс, амбасадорка на САД

Техничката влада требаше да биде на власт ограничен период, избори веднаш штом има услови!

„Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благосостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум сѐ додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите“

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×