Издадена еврообврзница од половина милијарда евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерството за финансии на меѓународниот пазар на капитал издаде еврообврзница на износ од половина милијарда евра со рок на достасување од седум години и каматна стапка од 2,75%.

Според Министерството ова е најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници, и било одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал.

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над седум пати повисока од понудата, што овозможило да се постигне каматна стапка од 2,75% на годишно ниво, односно стапка на принос од 3%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×