Изедначени опциите „за“ и „против“ уставни измени со кои Ердоган сака да стане неприкосновен владетел
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Опциите „за“ и „против“ уставните измени со кои треба да се воведе претседателски систем во Турција, имаат изедначи шанси на претстојниот референдум закажан 16 април, покажуваат резултатите од анкетите на јавното мислење на турските социолошки агенции.

Во интервју за весникот „Хуриет дејли њуз“, директорот на агенцијата „Конда“, Бекир Агардар, вели дека двете опции „си дишат во врат“.

Агардар наведе дека кај поддржувачите на уставните реформи има „доза на колебање“ и покрај побројното гласачко тело на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во однос на противничката група на опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) и курдската Демократска партија на народите (ХДП).

„Речиси половина од гласачите на Партијата на националистичкото движење (МХП), која ги поддржа реформите во Парламентот, исто така планираат да гласаат „против“ на референдумот на 16 април“, нагласи Агардар, додавајќи дека една четвртина од останатите избирачи сѐ уште не одлучиле како ќе гласаат.

Социолошката агенција „Гезиџи“, чии прогнози традиционално се покажуваат како точни, во јануари предвиде дека околу 58% од избирачите ќе се изјаснат „против“ уставните измени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×