Изработена платформа за испорака на административни е-услуги
Објавено на од во Економија
Подготвена е платформа за испорака на административни електронски услуги  која што ќе овозможи секоја институција да разменува официјално документи и да нуди е-услуги на граѓаните иако можеби не поседува никакви ИТ технички и човечки ресурси.
platforma e administracijaТаа ќе може да се користи по пуштањето на националниот портал за електронски услуги за неколку месеци, а дел од активностите за реформа и дигитализација на јавната администрација е и електронскиот регистар на население.
„Комплементарноста на овие пректи е токму во заедничката цел, а тоа е граѓаните да можат само со неколку клика да добијат голем број на услуги“, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на завршната конференција за проектот „Поддршка на Министерството за информатичко општество (МИОА) за модернизација на јавната администрација”.
Тој потенцираше дека ќе се заштедат огромни суми на пари коишто секоја институција индивидуално би требала да ги инвестира во хардвер и софтвер, појасни Манчевски.
За проектните активности веќе се усвоени потребните закони за централен регистар на население, за електронско управување и електронски услуги и за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и Манчевски очекува да бидат потпишани од новоизбраниот претседател на државата.
Ана Малцева, советник во МИОА, појасни дека со законите се обезбедува унифицирање на начините на кои се водат сите податоци во различните регистри.
„Законите овозможуваат поедноставни и полесни процедури за граѓаните, кои сега само со единствена регистрација, преку порталот за е-услуги ќе можат електронски да ги добиваат своите услуги. На овој начин, ги хармонизираме нашите со законите на Европската Унија и ја транспонираме европската директива, како предуслов за имплементација на Дигиталната агенда“, рече Малцева.
Вредноста на проектот е 500.000 евра обезбедени од Европската унија, од каде досега за реформи на администрацијата во државава имаат одвоено 20 милиони евра.
„Реформата на јавната администрација е важен дел од интеграцијата во Европската унија која го подготвува јавниот сектор  на државата кандидат за ефикасно спроведување на потребните политики и предизвици, рече Фрек Јанмаат“, шеф на секторот од Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Тој најави дека поддршката од ЕУ ќе продолжи, при што останува фокусот граѓаните и бизнисот да добијат ефикасни услуги.
Како што оцени Манчевски, со  преземените активности целосно е воспоставена и од технички и од правен аспект  основата за дигитализацијата на јавната администрација.
„Таа е најважниот дел од реформата на системот и е најдобриот начин за да го промениме изгледот на јавната администрација. Да ги донесеме услугите до граѓаните. Конечно да имаме администрација што ќе биде сервис на граѓаните кога и да им треба и каде и да им треба“, истакна ресорниот министер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×