Израелска Sirin Labs го претстави „Ролс-Ројсот меѓу телефоните“
Објавено на од во lifestyle

Компанијата Sirin Labs од Израел го претстави мобилниот уред што го нарекуваат „Ролс-Ројс меѓу паметните телефони“, а кој се вика Solarin.

Израелците велат дека телефонот ја има најнапредната технологија за заштита на приватноста, и користи енкрипција слична на онаа што при комуникација ја користи војската. Оваа опција се активира со посебно копче на задната страна од телефонот.

Секако, цената кажува дека овој уред не е наменет за обичните корисници, туку за деловните луѓе кои заработуваат, односно се платени за да имаат достап до чувствителни информации за чија безбедност при комуникацијата вреди да се платат 16 илјади евра, колку што чини Solarin.

Телефонот е изработен од најдобрите материјали на пазарот, а во делот на компонентите го нуди она што веќе го имаат „флегшипите“ на најреномираните производители на смартфони. Се работи за Snapdragon 810 процесор, 4 GB RAM, 128 GB меморија, камера со резолуција од 23,8 MP … Оперативниот систем на Solarin e Android.

Меѓу инженерите кои работат во Sirin Labs има и поранешни вработени во Sony и McLaren.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×