Извештај за богатство за 2015: 1% од светот има повеќе богатство од останатите 99%
Објавено на од во Економија
Screen-Shot-2015-01-26-at-5.36.48-PM

„Еден отсто од светските граѓани имаат повеќе богатство отколку остатокот од светот заедно“, пишува во Извештајот за богатство 2015 кој го објавува швајцарската банка Credit Suisse.

Олигарсите, нафтените шеици и милијардерите: 62 најбогати луѓе во светот имаат толку богатство колку и сите сиромашни луѓе кои чинат половина од светската популација, покажува новиот Извештај за богатство.

Имотот на 62 најбогати луѓе – меѓу нив 53 мажи – порасна само во последните пет години за 44%, на 1,76 милијарди долари. Во исто време, вкупниот имот на сиромашните кои се половина од светската популација е намален за повеќе од илјада милијарда долари.

Тоа е пад од 41% – иако во истиот период светската популација порасна за 400 милиони луѓе, наведе организацијата во својот извештај, кој се објавува секоја година непосредно пред почетокот на светскиот економски форум во Давос.

Причините, велат авторите, меѓу другото се неадекватното оданочување на големите имоти и капиталната добивка, како и префрлување на добивката во некои од земјите кои се сметаат за даночен рај.

Со други зборови, околу 70 милиони супер богати луѓе имаат повеќе од останатите седум милијарди луѓе на земјата.

Во извештајот се апелира владините претставници и раководители од повеќе од 100 земји да го искористат своето влијание и да влијаат јазот меѓу богатите и сиромашните да се намали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×