Извозници: Извозот во зоните во првата половина од годинава достигна 1,4 милијарди евра
Објавено на од во Економија
Вкупниот извоз од компаниите кои работат во слободните економски зони во првата половина достигна 1,4 милијарди евра, што е раст од 18,67% во споредба со истиот период претходната година, пишува Извозници.мк
bUnardjik-e1562857666772Увозот, пак, од зоните во истиот период е зголемен за 32,15% и достигна 1,3 милијарди евра. Тоа значи дека нето извозниот ефект од зоните во првите шест месеци годинава е 71 милион евра.
Најголем извоз во првите пет месеци годинава има зоната во Скопје во износ од 1,16 милијарди евра,  каде што работи и најголемиот извозник Џонсо Мети. Зоната Бунарџик пак истовремено имала и најголем увоз во вредност од 1,11 милијарди евра. Ако се земат во обзир податоците за увозот и извозот, во зоната во Скопје се создава и најголем нето извоз, кој во првата половина годинава изнесувал околу 47 милиони евра, но тој е речиси за половина помал во споредба со истиот период лани.
Она што е исто така забалежително е дека извозот од зоната Бунарџик расте со помало темпо во мај и јуни, што се должи пред се на забавувањето на германската економија, а посебно кризата низ која минува автомобилската индустрија во Германија, која се соочува со намален извоз.
Втор најголем извоз во првите шест месеци е направен во зоната во Штип од 63 милиони евра, додека увозот на компаниите во оваа зона за истиот период изнесувал 59,6 милиони евра, при што нето извозот изнесува 8,5 милиони евра.
Трета е зоната во Прилеп со вкупен извоз од 36,7 милиони евра во првата половина годинава, која во истиот период наравила увоз вреден 36,5 милиони евра.
Четврта е зоната во Кичево со вкупен извоз од 33,8 милиони евра за првите шест месеци, која во истиот период имала увоз од 25 милиони евра  и нето извоз од 18,8 милиони евра.
Зоната во Тетово во првите шест месеци годинава имала извоз од 25,4 милиони евра, а нето извоз од околу 10 милиони евра.
Од зоната во Струмица во истиот период е направен извоз во вредност од 24,7 милиони евра и увоз од 19,6 милиони евра, односно нето извоз од околу пет милиони евра.
Од зоната во Косел во првата половина година е направен вкупен извоз од 16 милиони милиони евра, додека увозот во истиот приод бил поголем и изнесувал 18 милиони евра.
Најмал извоз има зоната во Струга од каде во првите пет месеци годинава имало извоз во вредност од 5,7 милион евра, а увоз од 6 милиони евра, 300 илјади евра поголем од извозот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×