Извозници: Кои се најголемите извозници на храна?
Објавено на од во Економија
Иако Македонија важи за земја со многу вкусна храна, земјоделска земја со многу големи потенцијали за производство на земјоделски производи и храна, ние со години наназад сме нето увозник на храна, пишува Извозници.мк
Иако има обработливо земјиште и поволна клима, голем дел од тоа обработливо земјоделско земјиште стои необработено. Производството на примарни земјоделски производи и покрај милионските субвенции кои државата ги исплаќаше во изминативе десетина години не забележа некое посебно зголемување, туку напротив во некои култури има и намалување на производството. Приносите кои се добиваат се мали ако се споредат со некои други поразвиени земји, што не е за чудење ако се знае дека само 4% од обработливата земјоделска површина е покриена со системи за наводнување.
Во изминатата 2018 година Македонија извезла храна во вредност од 319 милиони евра, што е зголемување од околу 4% во споредба со минатата година. Во истиот период пак сме увезле храна во вредност од 627 милиони евра, речиси двојно поголем од извозот, анализира порталот.
Ако се анализира извозот на земјоделски и прехранбени производи, тогаш најголем удел има извозот на зеленчук и овошје, кој минатата година достигна 145 милиони евра и бележи мало намалување од околу 3%.
Втора најголема извозна ставка се кондиторските производи чиј извоз надминува 60 милиони евра годишно, кој лани е зголемен за околу 10%.  Голем извозен прилив од околу 50 милиони евра годишно носи и извозот на вино, од кое најголем дел е извозот на наливно вино, се наведува во анализата.
Накголеми-извозници-на-храна-1-768x486Следи извозот на месо и преработки од месо, кои заедно носат 25 милиони евра извози приходи. Вкупниот извоз на месо минатата година од земјава изнесувал 10,7 милиони евра, и од него речиси 90% или 9,8 милиони евра отпаѓа на извоз на јагнешко, а помал дел на извоз на овчо месо.
Но, извозот на месни преработки минатата година бележи голем раст од дури 41,7%, благодарение на намалената царина за увоз на смрзнато месо за преработки, мерка што владата ја донесе минатата година, а која производителите од овој сектор ја бараа веќе подолго време тврдејќи дека плаќањето на царина за увоз на суровини кои не се произведуваат доволно дома ги прави неконкурентни и им го намалува извозот.
Извозот на млеко и млечни производи минатата година изнесувал 10,2 милиони евра, од кои 3,2 милиони евра се млеко и павлака, 3,5 милиони евра е извозот на кисело млеко и 2,7 милиони евра извоз на јогурт. Извозот на сирење минатата година бил 1,47 милиони евра. Минатата година од Македонија се извезувале и јајца во вредност од 718 илјади евра.
Вкупниот извоз на зеленчук од Македонија минатата година изнесувал 55.7 милиони евра. Најизвезуван зеленчук од Македонија лани била зелката во вредност од 15,3 милиони евра. Од извоз на домати лани е остварен девизен прилив од 10,6 милиони евра, следи извозот на пиперки од кои лани се заработиле 10,5 милиони евра.

Целата анализа на следниов линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×