Извозници: Лани сме извезле мебел и делови од мебел во вредност од 244 милиони евра
Објавено на од во Економија
Македонските компании во текот на изминатата 2018 година извезле мебел и разни делови од мебел во вредност од 244 милиони евра, што е 20% раст за една година, објавува Извозници.мк
Mebel-1Извозот на мебел и делови од мебел бележи голем раст во изминативе пет години. Така, податоците покажуваат дека извозот на мебел и делови од мебел во 2014 година изнесувал 76,3 милиони евра, што е раст од 219% за период од пет години.
Интересен податокот дека Македонија лани повеќе извезла мебел и делови од мебел отколку што увезла. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година увозот на мебел изнесувал 68 милиони евра, што е зголемување за 85% за период од пет години.
Најголемиот дел од овој извоз или 202 милиони евра е направен преку извозот на седишта и тапацири за седишта за автомобилската индустрија. Најголеми извозни пазари за автомобилските седишта лани биле Германија, Велика Британија, Унгарија, Романија  и Словачка.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×