Извозници: Македонија лани извезла сладолед во вредност од 6,6 милиони евра, најголеми пазари Велика Британија и Косово
Објавено на од во Економија
Македонија минатата година извезла сладолед во вредност од 7,9 милиони долари или 6,6 милиони евра, според што е 46 најголем извозник на сладолед во светот, објавува izvoznici.mk
ице цреамНајголем извозен пазар за македонскиот сладолед лани била Велика Британија, каде е извезен сладолед во вредност од 1,86 милиони евра, потоа следи Косово со извоз од околу 1 милион евра, а трет најголем извозен пазар е Србија, каде лани се извезени 542 илјади евра вреден сладолед.
Најголем извозник на сладолед од Македонија е компанијата Цермат од Битола, која е 70-ти по големина извозник од Македонија, со извоз минатата година од околу шест милиони евра.
Компанијата Цермат е домашна компанија која постои од 1995 година, а која има свои претставништва во Црна Гора, Србија и Хрватска.
Иако извозот на сладолед од земјава расте, сепак во споредба со другите земји од регионот сме многу помали извозници.
На пример, извозот на сладолед од Словенија бил десет пати поголем од македонскиот. Така, Словенија лани извезла сладолед во вредност од 61,1 милион долари, според што е 13 најголем извозник на сладолед. Србија е 20 најголем извозник на сладолед во светот со извоз минатата година од 41,6  милиони долари. Хрватска со извоз од 21,9 милиони долари е 30 најголем извозник на сладолед, додека Бугарија е на 37 место со извоз на сладолед од 10,6 милиони долари.
Инаку, најголеми извозници на сладолед на светско ниво се Франција со извоз од 576,1 милион долари и Германија со извоз од 526 милиони долари и Белгија со извоз од 419 милиони долари минатата година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×