Извозници: Mакедонија повеќе извезува компјутерски услуги отколку овошје и зеленчук
Објавено на од во Економија
Извозот на компјутерски и информациски услуги од земјава минатата година надмина 160 милиони евра, достигнувајќи рекордна досега вредност, објавува извозници.мк.
programers2На годишно ниво извозот на  компјутерски и информациски услуги е зголемен за 25,8% или за 33 милиони евра. Но, ако се спореди со извозот од овој сектор од пред пет години кога извозот изнесувал 60 милиони евра, тогаш зголемувањето на извозот е 167%.
Компјутерските услуги е меѓу малкуте сектори каде земјава има нето извозен приход, односно повеќе извезува отколку што увезува. Така на пример минатата година биле увезени компјутерски и информациски услуги од странство во вредност од 55,8 милиони евра, што значи дека нето извозниот ефект од ИКТ услугите лани изнесувал 105 милиони евра.
Познавачите на овој пазар велат дека кај извозот на компјутерски услуги значителен удел има “лон производство“, поточно доработки на пратени кодови од страна на клиенти за кои што работат домашните програмерски фирми. Познавачите на овој пазар велат дека околу 90-95% од договорите на софтверската индустрија се субконтракторски, односно македонските фирми практично се подизведувачи на нарачателите од странство. Тоа е всушност аутсорсингот што доминира во македонскиот извоз на софтвер, наспроти само 5% од договори што се поврзани со софтверски продукти произведени од страна на домашните ИТ компании.
Но, и покрај тоа, ИТ секторот е еден од најбрзорастечките сектори во земјава, кои истовремено имаат и најголем потенцијал за зголемување на извозот.
Целата анализа на следниов линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×