Извозници: Првите пет месеци во Германија сме извезле за 1,3 милијарди евра, повеќе за 19,7% од лани
Објавено на од во Економија
Иако германската економија се соочува со забавување и пад на нарачките од странство, тоа барем засега не се чувствува врз македонскиот извоз во најсилната европска економија, пишува порталот Извозници.
izvozВо првите пет месеци во Германија сме извелзе стоки во вредност од 1,3 милијарди евра, што е за 19,7% повеќе во однос на истиот период минатата година. Увозот, пак, од Германија во периодот јануари мај годинава изнесувал 390 милиони евра и е зголемен за 8%. Според овие податоци, македонската економија е една од ретките земји во светот кои имаат суфицит со Германија, односно повеќе извезуваат отколку што увезуваат.
Но, Македонија е иста така една од ретките која има толкава зависност и концентрација од германската економија. Статистиката покажува дека во првите пет месеци годинава дури 49,3% од вкупниот извоз на земјата бил насочен токму кон Германија.
Најголем дел од македонскиот извоз во Германија отпаѓа на делови за автомобили. Најголем извозник во Германија е Џонсон Мети чии катализатори и прочистувачи за издувни гасови се користат во германската автомобилска индустрија. Меѓу најизвезуваните производи во Германија се и се сетовите за спроводници за палење кои во Македонија ги произведува Дреклсмајер, иницијатори и забрзувачи на реакција, седишта и навлаки за автомобилски седишта.
На листата извозни производи кои се продаваат во Германија се и разни видови на текстилни производи, близу, кошули, поткошули, маици и гаќи, панталони, работна опрема, кои во најголем дел се произведуваат во Македонија во принципот на лон-производстсво, односно сите суровини се увезуваат од Германија, а кај нас се користи само евтината работна рака за тие да се сошијат.
Меѓу ретките домашни произведени производи кои успеваат да стигнат на германскиот пазар се одредени вина и замрзнати црвени пиперки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×