Извозниците бараат една институција да е надлежна за поддршка на саемските активности
Објавено на од во Економија
Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија преку посебна иницијатива ќе бара од Владата да се промени во моделот на државна поддршка што македонските компании ја добиваат за учества на саеми.
извозници скмИзвозниците бараат Владата да определи една институција која ќе биде надлежна и која ќе обезбедува финансиска и логистичка поддршка на претпријатијата кои настапуваат на саеми со цел олеснување на процедурите за аплицирање и намалување на административниот товар за фирмите изложувачи.
Од Клубот на извозници исто така бараат средствата предвидени за оваа намена да се планираат подолгорочно, барем за три години однапред, заради тоа што учеството на саеми подразбира пријавување барем една и пол година однапред. Оваа процедура важи посебно за големите саеми, каде настапот треба да се резервира однапред изложбен простори со цел да се обезбеди подобро место и подобро претставување.
Третото барање на извозниците е да се реформира концептот на заедничко изложување на национален штанд на меѓународните саеми. Извозниците конкретно бараат националниот штанд да не се организира по принципот на најниската цена, туку од атрактивноста на локацијата и квалитетно подготвен национален штанд.
“Кога одиме на големите меѓународни саеми  земјите се претставуваат најдобро што може. Поентата не треба да биде саемското претставување да биде најевтин, туку штандот да биде атрактивен и да привлече поголем интерес кај посетителите”, вели Глигор Цветанов, претседател на Клубот на извозници.
Истовремено, велат извозниците, потребно е да компаниите од различни дејности да изложуваат во посебни хали каде што се претставуваат компаниите од соодветната дејност, а не како досега на националниот штанд да се претставуваат сите компании од различни дејности.
“Сметаме дека оваа инцијатива ќе придонесе за подобар саемски настап на домашните компании и дека со тек на времето ќе доведе до склучување на нови извозни зделки и зголемување на извозот”, вели Глигоров.
Според Цветанов, извозот е многу важен за една мала држава како Македонија и главен генератор за раст и развој, како и зголемување на вработувањето, а учеството на саеми е од голема важност за компаниите да остварат нови контакти и нови извозни зделки и да ги продлабочуваат односите со постојните деловни партнери.
 Од Клубот на извозници велат дека направиле анкета помеѓу компаниите на кои се саеми имаат интерес да се претставуваат во следниот период, а од резултатите се дефинирани саемските манифестации по одделни индустрии.
“Покрај тоа што со оваа инцијатива бараме од едно место да се координира финансиската поддршка околу саемските настапи, ние како Стопанската комора планираме да направиме измени со цел заинтересираните компании од едно место, односно преку Клубот на извозници да ги добиваат податоците за посети на одредени саеми. За таа цел ги повикуваме сите компании кои се членки на Стопанската комора, но и оние кои се членки на другите бизнис заедници и во рамки на одделните здруженија да ги презентираат саемите на кои сакаат да учествуваат за да може сите заеднички да настапиме на саемите и да ги споделиме трошоците за подобро саемско претставување”, вели Горан Антевски, потпретседател на Клубот на извозници и директор на Раде Кончар ТЕП.
Антевски порачува дека ако компаниите здружено настапуваат на саемските манифестации можат да обезбедат поатрактивни простори и подобар настап и да ги споделат трошоците.
Од досегашните компании најголем интерес за настап на саеми изразиле   компаниите од земјоделската и прехранбената индустрија, од металната и електроиндустријата, како и компаниите од кожарско преработувачката индустрија, текстилната индустрија, индустријата за хартија и целулозна графичка дејност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×