Извозот на Алкалоид лани надмина 100 милиони евра
Објавено на од во Компании

„Алкалоид“ минатата година ја заврши со раст на консолидираниот извоз од 10%, раст на консолидираната нето добивка од 7%, инвестиции во износ од 17,5 милиони евра  и 212 нови вработувања.

Алкалоид

Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека изминатата 2018 година ја завршила со вкупни консолидирани продажби од 159 милиони евра, што е раст од 8% во споредба со истиот период лани. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 4%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10%, надминувајќи за прв пат износ од 100 милиони евра.
Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 25,3 милиони евра бележи раст од 10%, додека нето консолидираната добивка достигна 14 милиони евра и е зголемена за 7% минатата година.
Од вкупните консолидирани продажби, 37% се остварени на домашен пазар, додека 63% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Унгарија со продажби од 128.111.848 денари што е 4 пати повеќе од лани, потоа во Полска со продажби од 72.260.692 денари што претставува зголемување од 4 пати и Украина со продажби од 192.130.438 денари што претставува раст од 86% споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Чешка раст од 62%, Грузија, раст од 51%, САД раст од 22%, Србија раст од 21%, Косово раст од 20%, Бугарија раст од 10%, Романија раст од 5%, итн.

 

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 22%, Кардиолошките препарати со 17%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 9% и Билкарство учествува со 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства кои Алкалоид ги направи минатата година изнесуваат 17,6 милиони евра, што претставува зголемување за 26% во однос на 2017 година. Во 2018 година во Алкалоид се реализирани 212 нови вработувања.

Според единечниот биланс на успех на компанијата продажбите на Алкалоид во 2018 година достигнуваат 122 милиони евра, што е раст од 8% во споредба со истиот период од минатата година. Единечната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), изнесува 24 милиони евра, а единечната нето добивка изнесува 13,8 милиони евра и истата е зголемена за 11% во споредба со претходната година.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×