Извозот на месни преработки од Македонија лани зголемен за 41,7%
Објавено на од во Компании

Зголемен извоз на сувомесни производи, намалување на увозот, поголема искористеност на домашните капацитети, како и пад на цената на дел од домашните сувомесни производи, е резултатот од воведената мерка минатата година за намалување на царината за увоз на смрзнато месо за преработка.
Workers work in a meat processing plant in Doha
Ова беше соопштено денеска по средбата на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши со Групацијата за преработувачи на месо и месни производи при Стопанската комора на Македонија.

“Резултатите покажуваат дека сме донеле мерка каква што била потребна. Извозот на сувомесни производи е зголемен за 41,7%, вкупното производство на сувомеснати производи е зголемено за 6,64 % откако е воведена мерката од 1 јули 2018 година, рече Анѓушев.

Во 2018 година се извезени 2.936.495 килограми сувомеснати производи, а во 2017 година 2.070.904  килограми, што е зголемување од 41,7%, додека увозот лани изнесувал 6.039.749, додека во 2017 бил 6.744.566 килограми, односно е намален за 10,4%

“Од земја увозник станавме земја извозник. Како држава немаме нема друга шанса освен брза индустријализација”, вели Анѓушев.

Мерката беше воведена минатата година со цел да се помогне на преработувачката месна индустрија која имаше проблем и не беше конкурентна, бидејќи суровината што ја користеше имаше царина, а сувомеснатите производи од странство се увезуваа без царина.

Министерот за земјоделство Николовски истакна дека мерката е продолжена до 30 јуни годинава, а таа придонела искористеноста на капацитетите да порасне од 25% на 40%, што пак, од друга страна не го наруши домашното производство.

Царината, како што рече претседателот на Групацијата Гоце Трајчев, пред воведување на мерката била помеѓу 19% и 35%.
“Намалувањето на царините даде резултати и очекувам позитивниот тренд да продолжи. Ова беше делумно ослободување и сегашните резултати не охрабруваат дека може да се зголеми и прошири. Не завршуваме на оваа мерка. Очекуваме да има проширување на повеќе тарифи”, рече Трајчев кој додаде дека во компанијата од каде доаѓа тој МИК – Свети Николе од воведување на мерката имаат увезено 1500 тони од кои 400 тони се ослободени, а останатата количина не е ослободена од царина.

Мерката, според него, не влијаела негативно на домашното производство на свинско месо, додавајќи дека домашното производство на свежо месо не е доволно ниту за домашниот пазар.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×