Извозот во февруари со раст од 15% во споредба со истиот месец лани
Објавено на од во Економија

Македонските компании во февруари годинава извезле стоки и услуги во февруари годинава достигна 529 милиони евра, што е раст од 15% во однос на истиот месец лани. 

Ивзоз

Увозот во февруари годинава изнесувал 675 милиони евра и во однос на истиот месец лани бележи раст од 17%, со што покриеноста на увозот со извозот достигна 78,3%.

Извозот во првите два месеци изнесува 944 милиони евра и бележи раст од 6,9% во однос на првите два месеци од претходната година. Увозот за периодот јануари и февруари достигна 1,24 милијарди евра и бележи раст од 9,4%, додека покриеноста на увозот со извозот во првите два месеци достигна 75,8%.
Ивзозот на храна во првите два месеци бележи раст од 26,8%, извозот на машини и трансортни уреди бележи раст од 19%. Пад има кај извозот на пијалоци и тутун од пад од 13,%, додека извозот на хемиски и сродни производи бележи пад од 3,3%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба. Во периодот јануари – февруари 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×