Извозот во првите пет месеци поголем за 15,1%
Објавено на од во Економија

Johnson Controls begins producing car seats at new facility in Kecskemét, Hungary / Complete seat plant creates more than 200 new jobsИзвозот на Македонија во првите пет месеци достигна 1,96 милијарди евра, што е раст од 15,1% во споредба со истиот период минатата година.

Вредноста на увозот во првите пет месеци годинава, пак, изнесувал 2,7 милијарди евра, што е за 12,1% повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во истиот период достигна 746.253 илјади евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 72,5%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и  нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во првите пет месеци годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×