Извозот во септември помал за 6,5% во споредба со лани
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

IvzozТрговската размена на Македонија со странство во септември достигна 788 милиони евра и е за 6,1% помала во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за ревизија објавени денеска.

Македонскиот извозот во септември изнесуваше 334 милиони евра е помал за 6,5% во споредба со истиот месец минатата година. Уште поголем е падот кај лон извозот кој во септември изнесуваше 69 милиони евра и е намален за 23,6% во споредба со истиот месец лани, во кој најголем удел има извозот на текстилни производи.
Намалување има и кај увозот, кој во септември е намален за 5,8% во споредба со истиот период лани.

Вкупниот извоз, пак, за првите девет месеци достигна 2,9 милијарди евра, и тој е за  8,3% поголем во споредба со првите девет месеци минатата година.

Најголем дел од извозот или 713 милиони евра, што е 24,5% од вкупниот извоз отпаѓа на извозот на машини и транспортни уреди.

Втора најголема извозна ставка во првите девет месеци годинава се хемиските и сродни производи, чиј извоз достигна 675 милиони евра, што е 23% од вкупниот извоз од земјава, во кои влегуваат катализаторите кои ги произведува Џонсон Мети.

Извозот на храна и живо животни во првите девет месеци достигна 213 милиони евра и е за 0,3% помал во споредба со истиот период лани. Увозот на храна во истиот период изнесуваше 394 милиони евра и е за 6,2% поголем во споредба со лани.

Извозот на пијалоци и тутун изнесуваше 105 милиони евра и бележи пад за 17,8% во споредба со истиот период лани. Увозот на пијалаци и тутун во истиот период изнесуваше 44,8 милиони евра и е за 18,9% поголем во споредба со истиот период лани.
Најголем дел или 2,2 милијарди евра од вкупниот извоз во првите девет месеци бил насочен кон Европската унија, додека во земјите од Западен Балкан сме извезле само 360 милиони евра, што е намалување за 4,4% во споредба со лани.

Ако се гледа по земји, тогаш најголем извозен пазар за македонскиот извоз е Германија, каде во првите девет месеци годинава се продале производи во вредност од 1,3 милијарди евра, што е дури 44% од вкупниот извоз на земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×