Jaguar почна тестови со автономни автомобили
Објавено на од во lifestyle

Групата Jaguar Land Rover учествува во првите за Велика Британија тестови за автономни и поврзани автомобили, во рамките на проектот UK Autodrive.

Меѓу тестираните технологии се и такви за размена на информации меѓу автомобилите, како и за комуникација меѓу превозното средство и покрајпатната инфраструктура (семафорите, на пример). Тестовите треба да покажат и како идните поврзани и автономни автомобили ќе можат да го имитираат човечкото однесување и реакциите за време на возењето.

Од Jaguar Land Rover објавија дека развиваат технологии како за целосно, така и за полуавтономни автомобили, за да им понудат на клиентите избор на ангажирано или автономно возење. Целта на компанијата е да ги направи автономните автомобили безбедни во широк спектар од реални услови на возење на пат и офроуд.

„UK Autodrive е најголемиот од трите конзорциуми стартувани за поддршка на воведувањето автономни автомобили во Велика Британија. Тој има за цел да ја претвори државата во светски центар за истражување, развој и интеграција на автоматизирани и поврзани автомобили“.

Вчера дојде новоста дека Велика Британија планира од 2021 година да дозволи по патиштата на државата да се движат автономни автомобили, без возач зад воланот. Целта е да се привлечат инвестиции од компании што работат во секторот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×