Јанаки Митровски: Законското решение за медицински канабис им дава златен рудник на компаниите, а среден прст на пациентите и уживателите
Објавено на од во Интервју

Досега околу петнаесетина македонски компании инвестираа 40 милиони евра во одгледување на канабис за медицински цели. Во повеќе места веќе се подигаат плантажи за одгледување на канабис, а најавата е дека тие ќе вработат и околу 300 луѓе. Се чини дека бизнисот со медицински канабис ќе биде многу профитабилен бизнис. Но, дали, македонското општество е подготвено за легализација на марихуаната за рекреативни цели? За оваа тема Капитал разговараше со Јанаки Митровски, адвокат и еден од основачите на Здружението за канабис и зелени политики и автор на магистерскиот труд „Легализацијата како начин на сузбивање на трговијата со наркотици“.

janaki mЛегализацијата на канабисот се’ уште е сериозна табу тема. Кои се бенефитите од легализацијата (за рекреативна употреба), па и декриминализацијата на канбисот?

Одговорот на тоа прашање зависи од тоа кој модел на легализација да се примени. Доколку се примени моделот кој го посакуваат крупните играчи тогаш економскиот бенефит ќе биде ограничен и минимален кон генералната популација. Доколку се прифати моделот кој го предлага БИЛКА тогаш ќе се вклучи поширока маса граѓани и македонските земјоделци.

Од кривично правен аспект легализацијата на канабисот ќе доведе до дестигматизација и декриминализација на уживателите, со самото тоа и помалку судско обвинителски ресурси, кои и онака се во дефицит, помалку пари кај нарко клановите, намалена употреба на тешки дроги и генерално умерено намален криминал.

Веќе е подолга и листата на домашни и странски компании кои добиле лиценци за да одгледуваат канабис. Има и  едно законско решение од 2016. Кои се недостатоците и зошто тоа не е доволно?

Законското решение е интенционално креирано да го фаворизира крупниот бизнис. Првичното законско решение уште да пишуваше за која компанија е наменето. Истото е рестриктивно, со премногу високи услови, нелогичности и не дозволува ефективно ползување на билката од пошироките народни маси. Секако е проблем и што Законот е така поставен да им дава златен рудник на компаниите, а среден прст на пациентите и уживателите. Милион евра и добри политички врски и ти си бизнисмен, а ако имаш болен член на семејство и недостиг од средства-криминалец“.

Според Ваши проценки, кој ќе биде ефектот од легализацијата и декриминализацијата врз црниот пазар на кои се заработуваат огромни приходи?

Единствени кои имаат што да загубат се токму криминалците. Легализацијата треба да доведе до искоренување или драстично намалување на црниот пазар. Никој нема да конзумира кафеав канабис со сомнително потекло, иако поефтин, кога ќе има на располагање високо квалитетни сорти.

Што добива, а што губи државата и граѓаните од легализацијата и декриминализацијата на канбисот за рекреативна и медицинска употреба?

  • Помалку криминал
  • Заштедување ресурси за ангажирање полиција, вештаци, суд, обвинител
  • Здрави луѓе
  • Инпут на нови пари во економија
  • Работни места

Нема да изгуби ништо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×