Јанчевски: Банките ќе продолжат да го кредитираат населението
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Освен некои помали банки кои ќе забележат загуби, банкарскиот сектор е стабилен и годината ќе ја заврши со добивка . Ќе продолжи да го кредитира населението со можни и пониски каматни стапки, а за привлекување депозити ќе понуди и повисоки каматни стапки.

Jancevski

Ова го оцени претседателот на УО на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски, кој е претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора, на денешанта прес-конференција по повод наградата на Банката од финансискиот магазин „The Banker“.

Според Јанчевски , банкарскиот сектор, во првите девет месец има нето добивка од 60 милиони евра, кај кредитите бележи раст од 5,4 % при што кај населението порастот е 11,1%, кај претпријатијата 1,2 %.

„Кај депозитите има вкупен пораст од 2,8% при што кај населението растот е 1,8%, а кај претпријатијата 3,8%. Нефункционалните кредитите се на ниво од 11,7 %, при што кај населението тие се 5,5%, а 16,5 % кај претпријатијата“.

Јанчевски посочи дека банките продолжат да даваат потрошувачки кредити, бидејќи состојбата не е алармантна во делот на нефункционални кредити и дека македонските граѓани не се задолжени како во другите држави и може да се кредитираат.

За најавата од Централната банка дека ќе се воведе мерка за да се намали издавањето на потрошувачки кредити кои бележеа раст годинава, Јанчевски оцени дека таа ќе биде само како насока и дека тоа ќе влијае повеќе кај помалите банки бидејќи ќе биде врзана со капиталната адекватност.

Вели дека може да дојде и до намалување на каматните стапки кај кредитите, што ќе се должи на силната конкуренција во банкарскиот сектор, додека за депозитите, доколку се намалат, може да дојде до зголемување на каматата.

Како причини за намалување на депозитите годинава, кај кои растот е од 3%, ги наведува намалувањето на заштедите на граѓаните и ниските камати.

Истакна дека банките не се водат според дневната политика, туку работат според своите планови и деловни политики.

Јанчевски рече дека како банка ќе се фокусираат повеќе кон работењето со населението, отколку кон претпријатијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×