Јанева бара Владата итно да го одобри Предлог Законот за јавно обвинителска служба неопходен за екипирање на Обвинителство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

132804255Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во соопштение до јавноста изразува надеж дека Владата на првата седница ќе го разгледа Предлог Законот за јавно обвинителска служба, по што по итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација.

Предлог Законот, како што стои во соопштението испратено од Јанева, е изработен во сорабока со Министерството за правда, а е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар.

Во меѓувреме, додека траел процесот на обуки, специјалнот обвинителство соопштува дека, е донесен и оперативен план за делување на обвинителство.

„Пристапивме кон изготвување на сите административни акти неопходни за непречена работа. Организиравме и активности поврзани со средување на просторот каде обвинителството ќе биде сместено. Со оглед дека активностите околу средување на просторот бараат одреден временски период, а имајќи ја предвид итноста од наше предметно постапување, закупивме простор во кој привремено ќе бидеме сместен“, соопштуваат од обвинителството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×