Специјалното обвинителство соопшти вчера дека почнало со работа барајќи статистички податоци од Јавното обвинителство предводено од обвинителот Марко Зврлевски.
Како што стои во соопштението, Јанева побарала статистички податоци за предметите оформени во јавните обвинителства во Република Македонија во однос на „бомбите“ на СДСМ.
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, односно, Специјалното јавно обвинителство, известува дека податоците ги побарало спроедчлен 11 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/05), како и Работниот план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, стои во соопштението од Специјалното обивнителство.
Како што најавија оттаму, по добивањето на статистичките податоци ќе биде доставено посебно барање до секое обвинителство за доставување на предметите.