Јанева го одложи случајот „Пуч“ поради недостаток на докази во предметот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Специјалната обвинителка Катица Јанева ја одложи главната расправа по предметот кој во јавноста е познат како „Пуч“ , поради недостаток на  докази во предметот.

„Денес е побарано одлагање на главната расправа по предметот познат во јавноста како „Пуч“, од причина што потребно е целосно да бидеме запознаени со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што ни беше доставен“, соопштува Јанева.

Воедно, се вели во соопштението, таа известува дека во текот на оваа недела ќе бидат соопштени нови информации за работата на ова Јавно обвинителство, „кои периодов предизвикаа интерес во јавноста, а кои не бевме во можност да ги споделиме, поради што за жал одредени медиуми се обидоа да го прикажат ова Јавно обвинителство во едно поинакво светло од она за што ова Јавно обвинителство се залага“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×