Јаневски: Договараме поголем извоз на вино во Кина
Објавено на од во Компании

“Тиквеш“ е во преговори за испорака на поголема количина вино во Кина, но и на американскиот пазар, изјави претседателот на Управниот одбор на винаријата, Светозар Јаневски за српскиот магазин “Нова економија“.

Svetozar Janevski

“На американскиот пазар во моментов ги продаваме само најскапите вина Бела вода, Барово и Домејн Лепово. Русија ни е интересна, но ќе видиме во кој правец ќе се развива пласманот на поголема количина вино во следниот период“, вели Јаневски.

Тој додава и дека “Тиквеш“ бележи унапредување на бизнисот на сите пазари кај што е присутен.

“Кога се работи за Србија, можам да кажам дека последниве години стасаа неколку битни играчи и дека Тиквеш е во самиот врв. Во светот сме сe’повеќе барани, што е одлично, додека во Србија не сметаат за речиси домашна винарија, особено заради присутноста веќе подолго време. Нашата водилка не е комплетно променета, и ако историски тоа беше голема количина на добро евтино вино, сега е тоа висок квалитет во секој сегмент“, вели Јаневски во интервјуто за  “Нова економија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×