Јанкулоска: Петмина полицајци загинаа, над 30 се повредени
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Петмина загинати и над триесет повредени полицајци е трагичната информација што на тукушто завршената прес-конференција во Министерството за внатрешни работи официјално ја потврди министерката Гордана Јанкулоска, за денешната акција на македонските безбедносни сили против терористичката група во во кумановската „Дива населба“.

„Жарко Кузмановски роден 1981 година од Брвеница Тетово, Ненад Серафимовски роден 1987 година, од Зубовце Гостивар, припадник на Единицата за специјални задачи, Сашко Самојлоски роден 1982 година ,од Брвеница – Тетово, припадник на Единицата за брзо распоредување, и уште двајца припадници на специјалните единици се хероите кои денеска ги дадоа животите за Република Македонија. Во оваа прилика во мое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија сакам да им се поклонам и да им изразам сочуство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме“, изјави Јанкулоска на почетокот на прес-конференција.

МВР засега нема сознанија за цивилни жртви, ниту пак за бројот на загинати меѓу терористите.

Шестмина полицајци биле погодени од огнено оружје пред еден час, при чистењето на теренот, откако поголема група на терористи одлучила безусловно да се предаде. Во моментов сѐ уште трае операцијата на теренот и ќе продолжи се додека не биде сигурно дека и последниот терорист не е неутрализиран. Јанкулоска рече дека за сериозноста на терористичката група говори фактот што членовите на истата пружале жесток отпор скоро 16 часа. Тактички биле добро утврдени и ја напаѓале полицијата со рачни фрлачи на гранати, со бомби, со автоматско оружје и со снајпери.

Отпорот на поголемиот дел од групата бил совладан нешто после 18 часот, кога првата група од околу 20 лица ги напуштила подрумите и упориштата во утврдените куќи и безусловно се предала. Предадените биле фото и видео документирани и префрлени за натамошна обработка. Во наредниов период со нив ќе бидат вршени службени разговори и од нив ќе бидат земени парафински ракавици.

Веднаш потоа единиците на терен продолжиле да дејствуваат бидејќи постоеле информации дека во околните објекти е засолнета уште една група. После подолга размена на оган, дел и од оваа група се предал, но, остатокот продолжил жестоко да ги напаѓа полициските специјалци.

Полицијата утринава ја почна акцијата за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група, која според оперативните сознанија со кои располага МВР, сакала да го искористи актуелниот политички момент и имала за цел да организира напади врз државни институции.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×