Јанкуловски, ректорот на УКИМ: Наместо да ги штити студентите и Универзитетот, внатрешниот ревизор се обиде да го прикрие неправилното работење на еден факултет!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски преку соопштение се обрати, околу целата ситуација со внатрешниот ревизор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Rektor-4

Како што порача Јанкуловски, комисиите и органите на УКИМ констатирале неправилност во трошењето на средствата.

„Последниве денови во медиумите е присутен случајот на главниот внатрешен ревизор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Заради објективно информирање на јавноста, сакам да го истакнам следново:

Во ниеден од натписите не беа спомнати причините за отказот на ревизорот, односно внатрешниот ревизор во своите обраќања до јавноста ниту еднаш не се осврна на основите за нејзиниот отказ. Имено, се работи за трошење на средства од страна на една единица на Универзитетот за кое од страна на внатрешниот ревизор е дадена оценка дека средствата се наменски потрошени, за разлика од комисиите и органите на Универзитетот кои ја констатираа неправилноста, а само внатрешниот ревизор тоа не го констатира или не сакаше да го констатира. Истото беше потврдено и од независната ревизорска куќа.

Наместо внатрешниот ревизор да ги обелоденува ненаменските трошења, а уште повеќе кога се во прашање средства на студентите, таа се обиде да го прикрие неправилното работење на еден факултет, иако писмено и укажав да ги разгледа и фактите. Наместо да ги штити студентите и угледот на Универзитетот, таа го прави токму спротивното.

Внатрешниот ревизор треба да му помага на ректорот во законитото работење, а не да го доведува во несакани и сериозни правни ситуации, а уште повеќе што во текот на постапката и беше укажувано да ги земе предвид и доказите, а не да се потпира само на нејзиното убедување, што упатува дека не се работи за грешка во работењето што секому може да му се случи, туку за тенденциозни ревизорски наоди кои треба да заштитат одредена група луѓе.

За правните детали не би сакал да ја заморувам јавноста, ќе одлучи судот кој е најквалификуван за тоа, а јавноста ќе биде известена“, се вели во соопштението на Јанкуловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×