Јапонија ќе ја оданочува заработката од криптовалути со данок дo 55%
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

JaponijaНационалната агенција за приходи во Јапонија презема мерки за ограничувањето на манијата по криптовалути, преку воведување на даноци, пишува Bloomberg.

Откако минатата година беше соопштено дека капиталните добивки од трансакциите со дигитални пари се вид на доход и подлежат на оданочување, инвеститорите ќе бидат задолжени да го декларираат заработките во годишните даночни декларации во периодот од 16 февруари до 15 март.
За разлика од добивките од акции или операции со странски валути, кои што се оданочуваат со околу 20%, оданочувањето на добивките од виртуелните валути ќе се прави со стапки од 15% до 55%. Горната стапка се однесува на луѓе со заработка над 365 илјади долари годишно.

“Има веќе луѓе кои се збогатија од трговијата со виртуелни валути и кои ја напуштаат земјата, за да се насочат кон места без даночно оптоварување на овој вид трговија, како што е на пример Сингапур”, вели Кенго Маекава, главен извршен директор на Shiodome Partners Tax, кој додава дека повеќето од луѓето кои бараат даночни консултации околу приходите од криптовалути се на 30 до 40 годишна возраст.

Јапонија не е единствената земја која ја оданочува трговијата со дигиталните валути. Даночните служби на САД објавија уште во 2014 година дека криптовалутите треба да се разгледуваат како сопственост, какви што се златото и недвижните имоти. Заради тоа и во САД добивките од трговија со дигиталните пари подлежат на оданочување, но со пониски стапки отколку во САД.

Од почетокот на годинава криптовалутите преживуваат сериозна корекција на цената, откако беа предизвикани распродажби по воведувањето на ограничувачки правила на некои од клучните пазари – Јужна Кореја и Кина.
Индија исто така се закани дека ќе ја забрани трговијата со дигитални пари

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×