Јапонија очекува економски бум од биткоинот и блокчеин технологијата
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

Japonija 1Јапонската економија, која со години се бори да се врати на нивоата на раст од 80-тите, би можела повторно да се разбуди, благодарение на биткоинот, криптовалутите и блокчеин технологија.

На јапонската блокчеин конференција изминатата недела во Токио, главен извршен директор на гигантот за финансиски услуги SBI Holdings, Јошитака Китао, изјави дека се обложува дека технологиите поврзани со блокчеинот ќе го поттикнат следниот бум за јапонската економија, после децении на економска слабост.

Во 70-тите години , Јапонија го имаше вториот по големина БДП во светот после САД и овој бум продолжи до 80-тите. Сепак, до почетокот на 90-тите години, економијата во Јапонија стагнираше, и земјата преживеа една “изгубена декада” што се однесува до економскиот раст.

Претходните сугестии беа во насока дека економијата во Јапонија би можела да биде поттикната со “технолошкиот бум”.

Подобрената мобилна поврзаност преку долгоочекуваната 5G технологија, заедно со Интернетот на работите (ИОТ), брзото зголемување на компјутерската моќ и вештачката интелигенција, би можеле бидат комбинација која ќе поттикне економски бум, во кој Јапонија е добро позиционирана да го предводи патот.

SBI инвестира во компании во Јапонија и низ цела Источна Азија преку својот т.н. AI & Blockchain фонд, кој е формиран претходно оваа година, и тежи 460 милиони долари.

“Ние сакаме да го однесеме blockchain и надвор од финансиските текови”, вели Јошитака Китао. “Има многу шпекулативна побарувачка околу криптовалутите, поради што цената оди толку брзо нагоре, но луѓето треба да размислат за тоа како овие технологии се користат во реалниот живот и како тие можат да ги подобрат бизнисите на луѓето”.

Јошитака очекува овој бум да се случи во наредните неколку години и како резултат на тоа го насочува SBI кон блокчеинот и криптовалутите.

Претходно оваа година беше откриено дека SBI планира да започне берза за криптовалути ова лето, а исто така, инвестираше и во ветерни фарми за производство на енергија од обновливи извори со цел да започне копање на BitcoinCash, за коj Јошитака верува дека е подобар од оригиналниот биткоин.

“Биткоинот е премногу скап и луѓето го држат и се надеваат дека ќе се зголеми неговата вредност”, вели Јошитака.

Арон Мекдоналд, главен извршен директор на децентрализираниот пазар Centrality (кој имаше првична понуда вредна 80 милиони долари годинава), очекува Јапонија и Источна Азија да бидат главен двигател на глобалниот биткоин, криптовалутите и усвојување на блокчеинот.

Centrality, со седиште во Нов Зеланд беше доминантно купена од инвеститори од Јапонија, каде што една третина од возрасните користат паричник за криптовалути.

“Фокусирани сме на регионот, бидејќи луѓето во Јапонија се далеку понапред пред остатокот од светот кога станува збор за блокчеин и криптовалути”, вели Мекдоналд, кој се согласува дека блокчеин бумот ќе се случи за само неколку години.

Тезука Мицуру, главен извршен директор на блокчеин инвестициската консултантска компанија CTIA, еден од главните инвеститори во Centrality, вели: “Ако блокчеин е интегриран на јапонскиот пазар, тоа ќе биде одлична алатка и ќе го спречи падот на пазарот”.

Изминатата недела беше објавено дека Centrality склучила партнерство со кинескиот технолошки гигант InfiniVision и јапонската Jasmy, основана од поранешниот претседател на Sony Corporation.

Сепак, постојат стравувања дека преголемата регулатива би можела да ја задуши индустријата на блокчеин и криптовалути во Јапонија, која Владата ја наметнува во размената со криптовалути по неколкуте кражби кои се случија на почетокот на годинава.

Стравувањата од глобална поголема регулација придонесоа за остриот пад на цената на биткоинот во 2018 година, по брзиот пораст минатата година.

Перење пари, даночно затајување, кражби, прекумерни шпекулации се само некои од грижите за регулаторите оваа година.

Додека Јапонија одбра полесен пристапот за блокчеинот и криптовалутите , минатата година воведе закон кој резултираше со 16 лиценцирани трговски центри, на кои на почетокот на март беа казнети шест размени, а исто така наложи да ја ревидираат својата управувачка структура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×