Јапонија, САД и Европа ќе ја движат светската економија во 2016 година
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Засилувањето на глобалната економска активност во 2016 година ќе биде поттикнато од Јапонија, САД и евро – зоната, а придонес ќе имаат и најпогодените брзорастечки економии, каде што се очекува стабилизирање на економските услови, проценуваат меѓународните финансиски институции.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека глобалниот раст во 2016 година ќе достигне 3,6%, што е за 0,5 проценти поени повеќе отколку проценката за растот годинава.

Годишната стапка на раст на американската економија во 2016 година ќе изнесува 2,8% поттикната од пониските цени на енергијата, подобрените биланси на приватниот сектор и закрепнатиот пазар на недвижности. Во однос на евро – зоната, и понатаму се очекува нејзино умерено закрепнување, под дејство на стимулативната монетарна политика, пад на цените на нафтата и депрецијацијата на еврото. Последните оценки предвидуваат дека економијата на евро – зоната ќе расте со стапка од 1,6% во 2016 година.

По скромниот раст на брзорастечките економии годинава од 4%, во наредната година тој ќе се зголеми на 4,5%. Очекувањата се дека економиите на Бразил, Русија, Латинска Америка и Средниот Исток ќе закрепнат побрзо и ќе го неутрализираат забавувањето на Кина.

Сепак, негативните ризици за закрепнувањето на светската економија преовладуваат и се уште поизразени. Тие се однесуваат на последиците од понатамошните надолни придвижувања на светските цени на нафтата и останатите примарни производи, зголемувањето на финансиската нестабилност и пренасочувањето на капиталните текови од брзорастечките земји, апрецијацијата на американскиот долар, поголемото забавување на кинеската економија, како и засилувањето на геополитичките ризици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×