Јапонија воведе казни за менувачници на криптовалути поради пиратерија
Објавено на од во hi-tech & business

Јапонската Влада воведе казнени мерки за одредени компании за менување криптовалути, откако 58 милијарди јени (530 милиони долари) во виртуелна валута се загубени на пазарот од почетокот на годината, поради пиратерија.

Агенцијата за финансиски услуги, која го надгледува овој бизнис, денеска соопшти дека на компаниите FSHO и Bit Stationим наложила еден месец да престанат со овој вид трансакции.

Агенцијата наведува дека FSHO не го надгледувала добро својот бизнис, додека Bit Station за свои потреби користела биткоини на корисници.

Неколку други онлајн компании, меѓу кои и Coincheck – цел на масовна пиратерија, добија налог за подобрување на внатрешната контрола.

Јапонија е една од ретките земји што го усвои користењето криптовалути – прва што го регулира менувањето криптовалути. Во моментов има 16 регистрирани менувачници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×