Јапонскиот премиер Абе е прв странски лидер со кој ќе се сретне Трамп
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, е првиот странски лидер со кој денеска во Њујорк ќе се сретне избраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Во пресрет на средбата, Абе рече дека на состанокот сака да изгради однос на доверба.

Американско-јапонската алијанса е „камен-темелник на јапонската дипломатија и безбедност“, истакна Абе.

Специјалниот советник во кабинетот на претседателот на јапонската Влада, Томохико Танигучи, изјави вчера за Си-Ен-Ен дека Абе е „восхитен“ поради претстојниот состанок со Трамп.

„Ќе мораме да работиме со Трамп во наредните четири години. Ова ќе биде добра можност за нив (за Трамп и за Абе) да се запознаат“, изјави Танигучи.

Денеска и руска Известија, повикувајќи се на извори од Републиканската партија, објави дека Доналд Трамп по инаугурацијата ќе ја посети Русија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×