Јапонските компании имаат 20% повеќе пари од целиот германски БДП, eкономистите и аналитичарите загрижени
Објавено на од во Економија
Скоро пет трилиони долари се на сметките на јапонските компании, а во пресрет на евентуална криза, јапонските корпорации не се подготвени да инвестираат, иако таквата штедлива стратегија може да предизвика или да ја засили рецесијата.
синзо абеБруто домашниот производ на Јапонија (БДП), трета најголема економија во светот, се проценува на околу 5,2 трилиони американски долари, што е малку повеќе од парите што ги чуваат на своите сметки  најголемите корпорации во оваа источноазиска земја. Најновите информации што се достапни од финансиските извештаи, покажуваат дека јапонските корпорации имаат околу 506,4 трилиони јени во банкарски сметки, или нешто помалку од 4,8 трилиони американски долари.
Тоа е историски рекорд што истовремено предизвикува загриженост кај економистите и аналитичарите. Парите на компаниите се зголеми тројно во последните шест и пол години, период малку подолг од враќањето на Шинзо Абе за премиер. Тој се врати на власт на крајот на 2012 година со ветување дека ќе стави крај на корпоративната акумулација на пари.
Бројката која покажува дека јапонските корпорации имаат 20 проценти повеќе пари на своите сметки од германскиот целосен годишен БДП, исто така, укажува на сомнителниот успех на јапонскиот премиер. Директорите на јапонските компании гледаат на нивните обилни резерви како многу добар начин да се премости рецесијата и падовите во економијата. Но, од друга страна на економската равенка, има инвеститори кои очекуваат раководството на компаниите да ги вложат парите што ги чуваат на своите сметки во развој или, ако ништо друго, да ги исплатат на акционерите преку дивиденди.
Една од големите реформи што Шинзо Абе ги спроведе беше насочена кон промена на корпоративното управување, со што сакаше да ги принуди компаниите да ги користат парите повеќе продуктивно, наместо да ги штедат на сметки што не носи никаков поврат. Реформата направи некои измени, бидејќи компаниите почнаа да плаќаат подарежливи дивиденди, но износите сè уште се далеку од она што го овозможуваат огромните количини на задржана заработка.
Некои аналитичари коментираат дека чувањето пари на сметки не е само начин да се заштитат компаниите од можни економски падови, туку е и последица на желбата на газдите да ги подобрат финансиските перформанси. Само во изминатите три фискални години, јапонските компании купиле рекорден број на  акции од акционерите, а ваквите потези веќе не се финансираат со задолжување, туку од достапната заработка што се чува на сметките.
Според проценките на инвестициската банка „Голдман Сакс“, компаниите минатата година купиле акции во Јапонија од 60 милијарди американски долари, а само во првите пет месеци од оваа година веќе се најавени дополнителни 50 милијарди американски долари за таа цел. Добро познати корпорации како Сони или SoftBank  се меѓу оние кои го најавија откупот на нивните акции за барем делумно да ги вратат парите на акционерите. Покрај тоа, аналитичарите во француската банка Сосиете Женрал, пресметале дека јапонските компании им платиле на своите акционери еквивалент на 80 милијарди американски долари на дивиденди досега оваа година, што е највисока во историјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×