Јапонците со Саудијците создаваат еден од најголемите светски фондови за технолошки иновации – вреден 100 милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business

Јапонскиот мобилен оператор SoftBank денеска соопшти дека се надева оти ќе собере скоро 100 милијарди долари за нов фонд за технолошки иновации во соработка со Саудиска Арабија.

Компанијата наведува дека ќе вложи околу 25 милијарди долари во SoftBank Vision Fund во наредните пет години, како и оти саудискиот јавен инвестициски фонд „ќе го разгледа вложувањето со кои би станал главен инвестициски партнер“ во новиот фонд.

Саудискиот придонес би можел да достигне 45 милијарди долари.

SoftBank укажа и дека други „големи глобални инвеститори“ можат да се придружат на фондот, чија цел е вложување во перспективни технолошки компании.

„Вкупниот потенцијален обем на фондот може да достигне и 100 милијарди долари“, се додава во соопштението.

Акциите на SoftBank на Токиската берза утрово пораснаа за 3,23%, на 64,4 долари по акција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×