Јавен повик за Програмата за домашен туризам и работници со ниски приходи
Објавено на од во Економија
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција ќе соопшти детали за јавниот повик од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година.
крешникПовикот е за угостителските објекти од туристичките центри низ земјава кои се заинтересирани да им овозможат одмор на работниците со ниски примања.
Програмата, објавена во Службен весник на 23 јануари годинава, е проектирана на 20.000.000 денари.
„За надминување на ефектите на социјалната исклучивост на лица со ниски примања и стимулирање на развојот на туризмот во земјава вон туристичката сезона, Министерството за економија организира одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000,00 денари. Одморот ќе биде организиран во угостителските објекти за сместување
во туристички центри надвор од местото на живеење на лицето-подносителот на барањето, во период од не повеќе од пет дена“, стои во Програмата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×