Јавете му се на било кој Швеѓанец и зборете за било што!
Објавено на од во lifestyle

Шведска деновиве лансираше телефонски број кој му дозволува на луѓето од целиот свет да разговараат со било кој Швеѓанец на било која тема.

Иницијативата потекнува од Шведската туристичка асоцијација, со истата се слави 250- та годишнина откако оваа земја стана првата во светот која целосно ја укина цензурата.

talking_phoneМногу луѓе од Шведска, кои во иницијативата се наречени „амбасадори“ се пријавиле да учествуваат во овој проект и да разговараат со било кој граѓанин од светот и “да им покажат што значи да се биде вистински Швеѓанец  и зошто Шведска е уникатна земја која заслужува да се посети“, објаснува Магнус Линг, генерален секретар и извршен директор на оваа асоцијација.

Тој додава:

„Во тешки времиња многу земји се обидуваат да ја ограничнат комуникацијата помеѓу луѓето, а ние сакаме да го направиме токму спротивното. Ние ја правиме Шведска првата земја во светот со свој телефонски број и им даваме на почитуваните Швеѓани можност да одговорат на овие повици, да го изразат своето мислење и да ги споделат своите погледи на било која тема“.

Доколку сакате и вие да разговарате со Швеѓанец и да бидете дел од оваа иницијатива, јавете се на следниот телефонски број: +46 771 793 336

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×