Jeep® Wrangler и Fiat Panda Cross победници во своите категории на престижните “4×4 of the Year 2019 awards”
Објавено на од во lifestyle

Две големи признанија од страна на магазинот “4X4“ за групацијата Fiat Chrysler Automobiles. На доделувањето на британските угледни награди “4×4 of the Year 2019 awards” за најзаслужни 4х4 возила, со посебни признанија се здобија возилата Jeep® Wrangler и Fiat Panda Cross.
Car 2
Специjален состав на судии, експерти за возење по тешки терени имаа тешка задача да одлучат помеѓу способните off-roadвозила кои се појавија на пазарот изминатава година. Сепак, меѓу конкурентите видно се истакнаа двата модела на Fiat Chrysler Automobiles и тоа легендарните Jeep Wrangler и Fiat Panda Cross.

Новиот Wrangler, лансиран минатата година во септември ширум Европа, ги задржува своите способности на незапирлив владетел на терените и истовремено апсолутен протагонист во секојдневното возење низ град, благодарение на извонредното ниво на комфор, на автентичниот стил и на технолошката опременост со напредни решенија. Крајниот резултат е Wrangler, најмоќен досега во теренското возење благодарение на: два напредни системи за погон на 4 тркала (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување. Гамата мотори на новиот Wrangler е збогатена со воведувањето на два важни новитети – еден турбодизел од 2,2 литри и еден трубобензинец од 2,0 литри. И двата нови мотори имаат прилагоден автоматски меувач со осум брзини, апсолутен новитет во гамата Wrangler.
Car 1

Во однос на кросовер категоријата, втора година по ред наградата е доделена на неверојатната FiatPanda Cross. Покрај тешката конкуренција, судиите го пофалија токму овој кросовер за неговитемотори, off-roadспособностите и задоволството во возењето. Ова е само дел од долгата листа на достигнувања на Fiat Panda, вклучувајќи го и тоа што е првиот градски автомобил со 4WD технологија, првиот градски автомобил кој се искачи на надморска височина од 5.200 метри и кој стигнал до базниот камп на Еверест, како и првиот градски автомобил со природен гас во сериско производство.

Доколку сакате и одблиску да се запознаете со моделите на FiatPanda 4×4 и Jeep® Wrangler, направете го тоа веднаш кај ексклузивниот увозник – Аутомобиле СК на ул. Скупи бр.8, во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×