JO: Десетици илјади прислушувани разговори открил претресот кај осомничените за „личните карти“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Според искази на уапсените за фалсификување лични карти, во нивните компјутери имало десетици илјади снимени телефонски разговори, изјави обвинителот Јован Цветановски. Обвинителство оформило неколку предмети поврзани со аферата „Лажни лични карти“, што ја обелодени „Фокус“.

„Во досегашниот тек на истрагата извршени се низа разговори и вештачења, а извршени се и претреси. При претресите во становите на лицето З.Б. и на други лица, пронајдени се голем број обрасци за лични документи и други предмети за подготовка на истите. Најдени се машини, преси и компјутерска опрема за подготовка на лажните документи, а во еден од компјутерите, според исказите на лицата, имало фајлови со десетици илјади снимени телефонски разговори. За нивното вештачење ќе ни бидат потребни околу два до три месеци. Поради сензибилноста на истрагата нема да бидеме во можност сè да споделиме со јавноста“, рече Цветановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×