Јолеска Поповска: Политичката неизвесност прерасна во секојдневие за бизнисот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Веруваме дека бизнисот ќе продолжи да работи а бизнисмените ќе ги реализираат инвестициите во развој на своите компании, вели Јованка Јолеска Поповска, претседател на Управниот одбор на ПроКредит банка. Ова се нејзините одговори за очекувањата и проценките за годинава.

Каква очекувате да биде 2017 година на економски план со оглед на политичката неизвесност и фактот што во првата половина од годината се очекува уште еден изборен циклус (локални избори)?

ПроКредит Банка е специјализирана банка за приватниот бизнис сектор и население. Случувањата кои влијаат на овој сегмент, влијаат и на работењето на банката. Македонските бизниси веќе подолг временски период работат во динамично политичко окружување и за сега, доста успешно се носат со предизвиците. Претприемачите, со јасна визија за својот бизнис, умеат да ги исцрпат сите бизнис можности како на домашниот, така и на регионалниот пазар се со цел самите да си обезбедат стабилност и позитивно опкружување за развој на бизнисот. Со оглед на тоа дека политичката неизвесност во Македонија прерасна во секојдневие за бизнисите, веруваме дека бизнисот ќе продолжи да работи а бизнисмените ќе ги реализираат инвестициите во развој на своите компании.

Кои се најголемите ризици за работењето на банките годинава?

Финансиските институции како банките се сензитивни на голем дел од промените на политичко и општествено поле, но турбуленциите на политичко поле во 2016 ја потврдија стабилноста и издржливоста на банкарскиот сектор. Еден од поважните ризици на кои се обрнува внимание е кредитирање на долгорочни одржливи инвестиции и анализа на секоја кредитна изложеност засебно со цел помал пласман во нефункционални кредити.

Какви се проценките за кредитирање на фирмите и граѓаните догодина, од што ќе зависи кредитната активност ?

Минатата година се почувствува воздржаност од страна на малите и средни бизниси за планираните долгорочни инвестиции, пред сè поради неизвесноста на политичко поле. Доколку се стабилизира политичката ситуација, очекуваме дека годинава претприемачите ќе реализираат дел од своите планови за раст и развој на бизнисите како за нови производни линии и процеси, така и за унапредување на постојаното производство и оптимизација на трошоците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×