Екслузивно интервју на Капитал со Јоргос  Јоргакопулос, уредник на Екатимерини: Новата Влада на Заев ја стопли климата помеѓу Атина и Скопје
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 Уредникот на англиската едиција на грчкиот весник Екатимерини, во ексклузивно интервју за Капитал вели дека иако нема никаква можност за брзо и конечно решавање на спорот за името, оти официјалните позиции на двете држави не се поместени, фактот дека новата Влада кај нас  демонстрира еден нов пристап во односите со соседите е дочекан со симпатија и позитивна енергија во Атина.

Georgakopulos

Јоргос Јоргакопулос, уредник на Катимерини (англиско издание)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Со господинот Јоргакопулос се сретнавме едно топло сончево попладне во Атина, само еден ден после официјалната посета на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров на Грција.

Димитров покрај средбите со официјалните претставници на грчката власт и опозиција, даде и неколку интервјуа за грчките медиуми во коишто јасно го потенцираше ставот дека новата Влада во Скопје сака да ослободи и една нова енергија во односите што Грција треба да ни ја развие од противник во силен сојузник на патот кон евроатлантските интеграции.

Убавите зборови на шефот на македонската дипломатија очигледно отвориле врати на промена и на југ – иако според нашиот соговорник, промените што би воделе кон конечно решение на спорот што трае две и пол децении, се се‘ уште далеку.

Дипломатски извори од Грција за „Капитал“ велат дека влошувањето на односите помеѓу двете земји, особено карактеристично за последните години од владеењето на Груевски и нестабилноста на политичката сцена во Македонија, придонеле за зацврстување на грчките позиции. „Сега сме во ситуација кога голем дел од политичките кругови не сакаат ни да слушнат за име од типот Северна Македонија, оти и тоа го сметаат за велепредавство, но имајќи го предвид моментот и улогата на западните сили, ваквите решенија се се’ уште на маса“.

Јоргакопулос се согласува и за виновникот за влошените односи и со ставот дека грчките позиции се максимално исцртани особено имајќи го предвид консензусот меѓу власта и опозицијата кај нив, но и тој ја потенцира улогата на меѓународната заедница и секако – самата нова клима воспоставена со самата промена на власта кај нас, што треба да се покажат како клучни во следниов период.

 

 -Новата македонска Влада, предводена од Зоран Заев очигледно има и сака јасно да демонстрира еден нов пристап во односите со Грција, подавање на рака за разговори и активно учество во преговорите за решавање на спорот за името. Не случајно една од првите посети на новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров беше во Атина. Како е ова протолкувано кај вас, како е примена оваа нова енергија и мислите ли дека е можен  ефект или ќе остане се на ниво на добро спакувана површност?

Прво дозволете да кажам дека самото формирање на Владата кај вас после сите политички перипетии, во Атина беше дочекано со многу позитивна енергија и со симпатија. Не дека Груевски не беше најпопуларен лидер тука во Атина, како што и не беше,  но пред се’ поради се она што новата Влада на Заев претставува – идејата дека ова е една модерна, реформска Влада со јасно изразен став дека ќе се залага за позитивни и модерни односи, не само со Грција, туку и со другите соседи.

Ако е јасно дека за зачленувањето во ЕУ и во НАТО  потребна е согласност од Грција, јасно е и дека овие нови сигнали се и тоа како важни. Самата Грција од друга страна пак, и тоа како сака во вашата земја да има стабилна влада, заради нашите односи, но и заради самиот регион. Тоа дозволете да кажам дека се уште е прашање тука, имајќи го предвид албанскиот коалиционен партнер во Владата,  прашањето кај нас е дали ќе биде одржлива на долг рок. Ако Заев успее да ја одржи, тоа ќе биде одлично и ќе прати еден сериозно добар сигнал на светска сцена.

 

-Димитров го повтори ставот дека Македонија бара да биде примена во НАТО под  привремената референца ФИРОМ. Можно ли е нешто вакво?

 

Не, во овој момент не.  Нема промена на официјалните грчки позиции. И не само кај Владата. Димитров се виде и со Кумуцакос којшто јасно му го пренесе ставот на опозицијата – идентичен со владиниот. И некоја следна влада би имала ист став, нема промена и напредок кога се работи за ова прашање, иако дефинитивно ќе повторам има една нова клима и таа дава нова енергија.

 

Иредентистичките ставови на Груевски направија штета која допрва ќе треба да се надминува.

 

-Имате ли впечаток дека во последните години односите помеѓу двете држави особено се влошија, како воопшто да немаше комуникација, преговори не постоеја… На што се должи тоа?

Владеењето на Груевски, особено последните години од неговото владеење дефинитивно е најниската точка за односите Атина- Скопје. Друга ниска точка беше во деведесеттите кога во Солун имаше масовни протести против Глигоров и неговите политики, но и тогаш не беа нештата толку замрзнати, оти кај другите влади потоа имаше волја за надминување на проблемот. Иредентистичките ставови на Груевски направија штета која допрва ќе треба да се надминува.

 

-Велите во Атина посетата на Димитров нема да има голем ефект, но каков ќе е ефектот од овој изменет став врз Меѓународната Заедница?

Меѓународната Заедница е просто желна да види напредок во односите и тоа поради неколку причини  – не е само дека и тие не беа среќни со политиките на Груевски коишто ја уриваа демократијата,  туку тие сакаат воопшто една нова, модерна визија, иако на сите ни е јасно дека не е можно решение утре. Јас би сакал тука да ја потенцирам  и позицијата на Белград. Изјавите коишто кај вас не се толкуваат сериозно, се и тоа како битни  – оние изјави дека и Србија треба да ја преиспита одлуката да ја признае земјата под уставното име. Треба да го имате предвид тој став.

-Дали фрагилната владина коалиција во Атина може да биде проблем? Отежнува ли фактот што на власт се партии со различни идеологии?

Не, не. Знаете зошто – затоа што тие и не се толку различни колку што мислите. За економијата и за националните прашања тие имаат сосема ист став. Коѕијас е левичар, но кога ќе кажете лева политичка опција во Грција тоа значи сталинизам, комунизам, а не прогрес, промени, либерализам… Овој левичар е типичен сталинист. Не го велам ова како обвинување за него, туку едноставно сакам да си знаете за каков профил на политичар зборуваме..

 

Јас би сакал тука да ја потенцирам  и позицијата на Белград. Изјавите коишто кај вас не се толкуваат сериозно, се и тоа како битни  – оние изјави дека и Србија треба да ја преиспита одлуката да ја признае земјата под уставното име. Треба да го имате предвид тој став.

 

-Сведоци сме на едни глобални процеси во коишто Западот се труди да го неутрализира руското влијание на европскиот континент и на Балканот. Колку ова може да биде олеснителна околност за нас, да се искористи моментот?

Апсолутно дека треба да се искористи моментот. Западните сили сакаат да ја доближат земјата до НАТО и до ЕУ, ова е круцијален момент кога се кршат копјата меѓу големите сили. Тука повторно би ја споменал стабилноста и одржливоста на Владата во Скопје – ако Заев успее да го испорача тоа, странците ќе направат се што можат за отворање на вратите во Алијансата и Европската унија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×